Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета на домови за пензионери

Едно прифатилиште за мачки во Охајо покренало прекрасна иницијатива, во која миленичињата кои се постари од седум години се носат во посета на луѓе сместени во домови за пензионери. Спојувањето на мачките и луѓето има за цел да создаде чувство на топлина и меѓусебна утеха. Оваа идеја наишла на отворени врати и голема радост, затоа што луѓето кои се сместени во колективните домови, обично немаат можност да чуваат миленичиња. Посетата на мачките, кои се на приближна возраст со нив им дава одредена сигурност и припадност.

(0) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

„Изминатата година, преку оваа програма, со нашите мачки посетивме неколку заедници на пензионери. Таму носиме мачки кои се постари од 7 години. Многу од станарите на тие домови немаат можност да чуваат миленичиња, поради што прекрасно ја прифаќаат идејата дека можат да поминат пријатни мигови со своите посетители“, изјави Џордан Амерли, графички дизајнер и посветен волонтер во оваа програма на засолништето за мачки во Охајо.

(1) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

Тој посочува дека луѓето сакаат да раскажуваат приказни за своите поранешни миленичиња и бараат да бидат фотографирани со мачките, за да можат фотографиите да им ги испратат на своите деца и внуци.

(2) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

Но, во посетите, еднакво уживаат и мачките. Амерли вели дека повеќето од старите мачки во своите поодминати години времето го минуваат само во јадење и спиење.

(3) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери

Преку ваквите организирани посети, и ним им се овозможува да излезат надвор од прифатилиштето и да бидат покорисни за заедницата, затоа што ги развеселуваат пензионерите и им внесуваат свежина во нивното секојдневие.

(5) Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета домови за пензионери


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар