Како се бакнуваат хороскопските знаци?

Како се бакнуваат хороскопските знаци?

Астрологијата може да ни открие многу работи за нашето однесување и карактер. Таа дури може и да ни открие како се бакнуваме. Во продолжение прочитајте како ѕвездите влијаат на вашиот стил на бакнување, која техника најмногу ви одговора, но и кој хороскопски знак најдобро се бакнува…

Како се бакнуваат хороскопските знаци?

Овен

Спонтаноста е вашето средно име! Вие сте човек од акција кој прво дејствува, а дури потоа размислува. Обожавате да го фаќате вашиот партнер неспремен и страсно да го бакнувате без оглед каде се наоѓате, па дури и да сте на улица додека надвор истура силен дожд.

Бик

Вие сте сензуална личност која сака да ужива во сѐ, па така и бакнувањето не е исклучок. Бакнежот обично го започнувате со нежен допир на усните, па потоа го претворате во долго, влажно и возбудливо искуство. Преку бакнувањето сакате да му пренесете на партнерот колку го сакате и цените.

Близнаци

Вие сте личност која сака да каже многу работи, па затоа понекогаш ви е тешко да се концентрирате на само една работа. Токму затоа кратките и слатки бакнежи надополнети со заводливи зборови се вашиот главен адут. Сакате прво да го возбудите вашиот ум, пред да ги доближите усните до личноста која ве интересира.

Рак

По природа сте сентиментални и се бакнувате со целото ваше срце. Истото го очекувате и од партнерот, па не можете да се предадете на бакнежот доколку не почувствувате одредена доза емоција од другата страна.

Лав

Ниту еден друг хороскопски знак не сака толку многу да биде во центарот на вниманието колку што го сакате тоа вие. Токму затоа не е чудно што се бакнувате „филмски“ како да сте добиле главна улога во „Титаник“ или „Валкан танц“. Лавовите се многу импулсивни, односно обожаваат да бакнуваат страсно на јавни места.

Девица

Мозокот им е секогаш во петта брзина, па затоа на припадниците на овој знак понекогаш им е тешко да се опуштат и да се препуштат на секојдневната размена на бакнежи. Но, кога сте во сериозна врска, а помеѓу вас и партнерот постои силна хемија, инсистирате на долги бакнежи во кои е вклучено целото тело.

Како се бакнуваат хороскопските знаци?

Вага

Вие сте романтична душа која сонува за традиционално додворување, љубовни пораки и вечера со свеќи. Лесно ја покажувате вашата нежна страна, па затоа сте многу великодушни кога станува збор за бакнување. Подеднакво ги сакате и површните, и долгите страсни бакнежи.

Скорпија

Вие сте темпераментна личност која се бакнува страсно. Имате способност да направите вашиот партнер да го изгуби тлото под нозе кога се бакнувате. Вашите бакнежи се толку моќни, што партнерот може да се почувствува како да е под влијание на силен љубовен пијалак додека го бакнувате.

Стрелец

Вашите силни страни се спонтаноста и авантуристичкиот дух. Не сакате да се ограничувате и сакате да експериментирате кога се бакнежите во прашање. Но, ќе ја бакнете само онаа личност која во вас разбудила длабоки емоции, бидејќи во животот секогаш тежнеете кон љубовта.

Јарец

Секогаш играте на сѐ или ништо кога станува збор за љубовта. Самоуверени сте, фокусирани на моментот и сакате да ја задоволите другата страна. Токму затоа ќе го прилагодите бакнежот на потребите на вашиот партнер, односно на стилот кој нему најмногу му одговара. Исто така, ќе му дадете до знаење на партнерот дека сакате да пробате ама баш сѐ.

Водолија

Вие уживате во заведувањето. Кога сакате некого да импресионирате, ќе се потрудите да направите совршена атмосфера со осветлување и музика. Ќе почнете да го бакнувате партнерот нежно и меко, а потоа ќе го продлабочите бакнежот додека не бидете целосно обземени од истиот.

Риби

Вие сте најголемите романтичари кои обожаваат долги и страсни бакнежи од кои нема да можете да се одржите на нозе. Но, имате и ваша игрива страна. Кога сте расположени за игри, ќе го предизвикате партнерот со нежно грицкање и допирање на усните додека и двајцата не изгубите целосно контрола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар