Предвидувањата на Нострадамус: 5 застрашувачки настани кои ќе ја обележат 2016 година

Предвидувањата на Нострадамус: 5 застрашувачки настани кои ќе ја обележат 2016 година

Големиот француски пророк Мишел де Нотр Дам, познат како Нострадамус, предвидел многу работи за кои се верува дека еден ден навистина ќе се случат. Постојат верувања дека тој го предвидел патувањето на месечината, Хитлеровата власт, смртта на Хенри Втори, но и убиството на Кенеди.

Оваа година досега се смета за една од најинтересните години од научен и социолошки аспект. Но, додека ние сме скептични и не веруваме дека нешто посебно ќе се случи, постои низа интересни работи кои Нострадамус предвидел дека ќе се случат во 2016 година.

Предвидувањата на Нострадамус: Ова се 5-те застрашувачки настани кои ќе ја обележат 2016 година

Тој во својата книга „Пророштва“ напишал преку илјада поетски катрени кои предвидуваат што ќе се случи во иднината. Според историските наоди, Нострадамус почнал да добива „визии“ многу рано, а подоцна развил своја техника за предвидување и ги бележел сите негови визии. Иако академските експерти тврдат дека поврзаноста помеѓу светските случувања и Нострадамусовите катрени се резултат на погрешно толкување, сепак милиони луѓе веруваат дека тој навистина предвидел некои големи настани во светот. Следуваат дел од од најпознатите примери:

Смртта на Хенри Втори

„Младиот лав ќе го совлада постариот, на бојното поле, во битка една, ќе ги прободе своите очи низ златен кафез, две рани ќе направи, од кои едната ќе му предизвика сурова смрт“.

Летото 1559 година, францускиот крал Хенри Втори, се борел со Комте де Монтгомери, кој бил шест години помлад од него, во витешка борба. И двајцата имале штитови насликани со лавови. Со последниот удар копјето на Монтгомери го пробило и го распарчило кралскиот визир. Едното парче го прободело неговото око, а другото му се забило во главата. Хенри Втори умрел по 10 дена поради тешките повреди.

Слетувањето на Месечината

„Тој ќе отпатува на површината Луна, каде во чудна земја ќе стигне и заробен ќе биде. Недозреаното овошје ќе доведе до голем скандал и голема вина.“

Луна е друг збор за Месечина, а заробувањето веројатно се однесува на тоа што снимката е овековечена, односно астронаутот е „заробен“ на снимка.

(2) Предвидувањата на Нострадамус: 5 застрашувачки настани кои ќе ја обележат 2016 година

Ова беа највпечатливите примери за неговата моќ, но што предвидел Нострадамус за 2016 година и за нашата цивилизација?

1. Најсилниот забележан земјотрес

Нострадамус предвидел дека САД ќе биде погоден од најсилниот земјотрес во историјата на државата кој ќе има најголемо влијание на западниот дел од државата, како и тоа дека потресот ќе се почувствува и во други држави низ светот.

2. Луѓето ќе живеат повеќе од 200 години

Според зборовите на Нострадамус, медицината ќе доживее толку голем напредок што просечниот животен век на луѓето ќе биде 200 години, а осумдесетгодишникот ќе изгледа како да има 50 години.

3. Планетата ќе се запали од зрачење

„Кралевите ќе крадат шума, небото ќе се отвори, а жештината ќе ги запали полињата“, вели пророкот.

Ова предупредување се однесува на дупката во озонскиот слој и неизбежното зголемување на ултравиолетовото зрачење, а важен фактор кој ќе придонесе за сè ова е палењето на шумите ширум светот.

4. Јазичните разлики ќе исчезнат

„Откако ќе се измисли нов уред, во светот ќе биде како во времето пред Вавилон“

Се смета дека Нострадамус опишува некаков модерен компјутер или софтвер за превод.

5. Глобалната економија ќе доживее колапс

„Богатите ќе умрат повеќе пати“.

Ова се зборовите на францускиот пророк кој предвидува пад на животниот стандард во целиот свет и глобална сиромаштија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар