Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Оскарите, годишната престижна награда која ја доделува Американската академија на филмските уметности, се најважниот момент во животот на секој актер. Но, многу од талентираните и популарни холивудските актери кои биле неколку пати номинирани за оваа награда сѐ уште не ја искусиле таа радост која доаѓа само кога ќе ја држат златната статуетка во своите раце. Во продолжение прочитајте кои од познатите актери никогаш не добиле Оскар.

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

1. Леонардо ди Каприо

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Иако прв пат бил номиниран пред 20 години, а потоа скоро секоја година е редовен во трката за Оскар, сепак Леонардо никогаш не ја освоил оваа награда. Годинава тој се закити со многу признанија за неговиот перформанс во филмот „Повратник“ (The Revenant), вклучувајќи го и Златниот глобус, а ја доби и номинацијата за најдобра изведба на актер во главна улога. Свеченото доделување на Оскарите ќе се одржи на 28-ми февруари, во недела, во театарот Долби во Лос Анџелес, Калифорнија и се надеваме дека Леонардо конечно ќе излезе од оваа листа.

2. Роберт Дауни Џуниор

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Иако бил номиниран за најдобар актер во главна улога за филмот „Чаплин“ (Chaplin) и најдобар актер во споредна улога за „Тропска бура“ (Tropic Thunder), сепак Роберт, и покрај неговиот очигледен талент, сѐ уште не добил Оскар за неговите изведби.

3. Џони Деп

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Џони бил номиниран за оваа престижна награда дури 3 пати за неговиот перформанс во филмовите „Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит“ (Sweeney Todd: The Demon Barber of Fleet Street), „Барајќи ја Недојдија“ (Finding Neverland) и „Пирати од Карибите: Проклетството на црниот бисер“ (Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl), но за жал досега не го освоил Оскарот.

4. Бил Мареј

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Славниот комичар Бил Мареј бил номиниран за најдобар актер во главна улога во филмот „Изгубени во превод“ (Lost in Translation) и бил сигурен во својата победа, бидејќи претходно ги зел сите награди од другите слични церемонии, но наместо него, Оскарот му припаднал на Шон Пен за својата улога во филмот „Мистична река“ (Mystic River). Бил Мареј бил многу разочаран.

5. Том Круз

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Познатиот актер бил номиниран 3 пати досега и тоа во категоријата за најдобар актер, но никогаш не победил. Номинациите биле за филмовите „Роден на 4-ти јули“ (Born on the Fourth of July), „Џери Мекгваер“ (Jerry Maguire) и „Магнолија“ (Magnolia).

6. Мишел Фајфер

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

И покрај бројните награди и номинации, Мишел Фајфер никогаш не освоила Оскар. Иако многупати била прогласена за актерка која одлично ги одиграла дел од најтешките филмски улоги, сепак оваа чест сѐ уште не ѝ припаднала. Филмовите за кои била номинирана се „Опасни врски“ (Dangerous Liaisons), „Фантастичните браќа Бејкер“ (The Fabulous Baker Boys) и „Љубовно поле“ (Love Field).

7. Едвард Нортон

Познати актери кои никогаш не добиле Оскар

Талентираниот актер никогаш не добил Оскар и неговите пријатели и колеги сметаат дека тоа е една од најголемите неправди која ја направила Академијата кога станува збор за доделувањето на ова престижно филмско признание. Тој досега бил номиниран 3 пати, за својот перформанс во филмовите: „Исконски страв“ (Primal Fear), „Американска историја икс“ (American History X) и „Човекот-птица: Неочекуваната доблест на незнаењето“ (Birdman: Or The Unexpected Virtue of Ignorance).


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар