Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?

Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?

Честопати мудроста и тајната на среќниот живот се кријат во старите поучни приказни кои секогаш носат моќна порака со себе. Во тој контекст, прочитајте ја приказната за двајцата пријатели која нѐ учи дека лошите периоди, непријатните ситуации и оние моменти кога некој нѐ повредил не треба само да ги заборавиме, туку и да се обидеме да ги простиме, бидејќи простувањето е дар кој ја ослободува душата. А, добрината, љубезноста и благодарноста се оние работи кои вреди да останат засекогаш врежани во вашите сеќавања.

Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?

Двајца пријатели шетале низ пустината. Во еден момент се скарале и едниот го удрил другиот. Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: Денес мојот пријател ме удри.

И така продолжиле по својот пат. По некое време наишле на една оаза и одлучиле да се одморат. Но, пријателот кој бил удрен паднал во жив песок. Другиот го спасил. Во тишината, спасениот пријател изгребал на една камена плоча: Денес пријателот ми го спаси животот.

Оној кој го удрил и кој му го спасил животот, го прашал: „Кога те удрив, тоа го запиша во песок, а кога ти го спасив животот, тоа го забележа на камен. Зошто?“

Пријателот му одговорил: Кога некој ќе те повреди, тоа мора да го запишеш во песок за да може ветрот на простувањето да го избрише. А, кога некој ќе направи нешто добро за тебе, тогаш тоа треба да го запишеш на камен, за ветрот никогаш да не може да го избрише и да го однесе во заборав.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар