5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Во последните 10-15 години, филмовите за суперхерои достигнаа огромен успех и гледаност, симнувајќи ги од светските топ листи дури и најголемите холивудски наслови ширум светот. Благодарение на овој успех, американската филмска индустрија веќе започна со подготовките на уште многу други приказни и ликови базирани врз познатите стрипови на ДиСи Комикс и Марвел за кои се очекува да направат голема заработка низ кината во светот. Во тој контекст, откријте кои се 5-те најуспешни филмови за суперхерои досега.

5. Темниот витез (The Dark Knight) – 2008

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Светска заработка: 1.004.558.444 долари

Сѐ уште сметан за најдобриот филм базиран врз настаните во стриповите на ДиСи Комикс, „Темниот витез“ го заслужува 5-тото место на оваа листа со светска заработка од 1.004.558.444 долари. Филмот е еден од најомилените помеѓу серијалите и франшизите за Бетмен и го отвори патот за уште многу други идни проекти на таа тема. Дел од успехот се должи на неверојатниот и неповторливиот перформанс на Хит Леџер како главниот антагонист – Џокер, кој се смета за еден од најдобрите актери кои го портретирале овој легендарен негативец во историјата на ликот.

4. Подемот на темниот витез (The Dark Knight Rises) – 2012

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Светска заработка: 1.084.939.099 долари

Продолжението на „Темниот витез“ беше со нетрпение очекувано од сите фанови и додека сѐ уште се дебатира дали овој филм е подобар од неговиот претходник, тој е сепак поуспешен во однос на заработката. Можеби стои како непишано правило дека продолженијата се секогаш полоши, но овде тоа правило го губи своето значење, а „Подемот на темниот витез“ е многу повеќе од омилен помеѓу филмската публика и критичарите.

3. Железниот човек 3 (Iron Man 3) – 2013

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Светска заработка: 1.215.439.994

Финалето на епската трилогија која го започна филмскиот маратон на Марвел доживеа огромен успех со заработка од 1.215.439.994 долари. По „Одмаздници“, фановите не можеа да дочекаат да видат што следно може да понуди студиото на Марвел во соработка со Дизни и иако филмот не доживеа толку голема популарност како „Одмаздници“, сепак успеа да се пласира на 3-тото место на листата на најуспешните филмови за суперхерои и со себе да го понесе бронзениот медал во суперхеројската олимпијада.

2. Одмаздници: Ерата на Ултрон (Avengers: Age of Ultron) – 2015

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Светска заработка: 1.405.413.868 долари

Продолжението на хитот од Марвел „Одмаздници“ беше очекувано уште од премиерата на неговиот претходник и фановите не беа воопшто разочарани од неговата приказна. Служејќи како основа за третата фаза на суперхеројските филмови на Марвел, „Одмаздници: Ерата на Ултрон“ го зазема второто место на оваа листа со светска заработка од неверојатни 1.405.413.868 долари.

1. Одмаздници (Marvel’s The Avengers) – 2012

5-те најуспешни филмови за суперхерои досега

Светска заработка: 1.519.557.910 долари

Без сомнеж, најуспешниот филм за суперхерои на сите времиња е филмот кој полека но сигурно го добива епитетот безвременски – „Одмаздници“. Филмот доживеа огромен успех, делумно поради фактот што ги спои приказните на повеќето омилени суперхерои од светот на Марвел и делумно поради фантастичната актерска екипа. Освен што е на првото место на оваа листа, „Одмаздници“ се наоѓа и на 5-тото место во листата на 10-те најуспешни филмови некогаш направени, каде како победник стои „Аватар“ со светска заработка од 2.788.000.000 долари и „Титаник“ на второто место со светска заработка од 2.186.800.000 долари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар