Поучна приказна: Што се случува кога ќе го вклучиме нашето внатрешно светло?

Еден човек патувал кон Рим. Тоа е едно од неговите четири свети патувања, на кои тој оди по магична традиција. По 20 дена самотија, почувствувал дека се наоѓа во многу полоша состојба отколку кога тргнал. И покрај тоа што бил изолиран, почнале да го обземаат негативни и злобни мисли.

Поучна приказна: Што се случува кога ќе го вклучиме нашето внатрешно светло?

Токму затоа решил да го побара својот водич и да му раскаже што се случило. Тој ѝ објаснил дека отишол на патување за чистење на душата со цел да биде поблизу до Бог, но по 3 недели се почувствувал многу полошо отколку на почетокот.

„Сè е во ред со тебе, не се грижи“, му одговорила таа. „Кога ќе го запалиме нашето внатрешно светло, прво ја здогледуваме прашината и пајажината, односно своите слаби точки. Тие отсекогаш биле тука, но досега не сме можеле да ги видиме поради темнината. Но, сега кога можеш да ги видиш ќе ти биде многу полесно да ја исчистиш својата душа.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар