Поучна приказна: Што е алчност?

Еден ученик го прашал својот учител: „Што е алчност?“ На тоа учителот одговорил: „Со цел да добиеш одговор на твоето прашање, оди до фабриката за чоколади која се наоѓа близу до нашето училиште и избери го чоколадото кое најмногу ти се допаѓа. Но, постои правило, како што ќе поминуваш низ фабриката, не треба да се враќаш назад. Мораш да избереш само одејќи напред.“

Поучна приказна: Што е алчноста?

Ученикот го послушал својот учител и отишол во фабриката. Како што поминувал, забележал едно убаво завиткано чоколадо кое веднаш му се допаднало, но си помислил дека понатаму може да најде некое поголемо. Движејќи се тој забележал уште едно, но повторно си го помислил истото. Кога почнал да се приближува до крајот на фабриката, тој не можел да види толку големо чоколадо како она што не го избрал, па почнал да се кае за неговата одлука што го пропуштил.

Потоа, се откажал и со празни раце се вратил кај учителот и му раскажал што се случило. На ова тој одговорил:

„Ти многу го сакаше едното чоколадо, но сѐ уште продолжуваше да бараш нешто поголемо. Па, потоа сфати дека тоа што го пропушти беше најдоброто нешто што можеше да го најдеш таму. Ова, мил мој, се нарекува алчност.“

Поука: Многу работи пропуштаме во животот затоа што сме алчни да имаме нешто подобро. Човековата природа е таква што секогаш сакаме нешто подобро и подобро. Но, во потрага по подоброто, ние се откажуваме од многу убави работи што можат да ни дадат слично задоволство и да нѐ направат среќни. Затоа, треба да се трудиме мудро да ги правиме своите избори…

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар