Поучна приказна: Прстенот со најмоќната порака на светот

Поучна приказна: Прстенот со најмоќната порака на светот

Сите постојано трагаме по животната вистина и мудрост. Човекот по природа е многу љубопитен и жеден за нови знаења кои би му помогнале да си го подобри животот и да ја постигне својата цел. Па, која е најмоќната порака на светот што сите би требало да ја знаеме? Прочитајте ја следнава приказна за да дознаете…

Поучна приказна: Прстенот со најмоќната порака на светот

Си бил еден крал кој ги собрал сите негови мудреци и им наредил да направат прстен на којшто ќе изгравираат натпис со најмоќната порака на светот.

Натписот требало да му помогне во тешките животни моменти и секогаш да го потсетува на доброто кога се чувствува лошо.

Мудреците долго време размислувале што да изгравираат и на крајот кога прстенот бил готов, на него го пишувало следново:

„И тоа ќе помине…“

Звучи многу едноставно, но најчесто убавината и моќта лежат во едноставните работи се согласувате? Без разлика низ каков период поминувате и што ви се случува моментално во животот, најважно е да запомните дека и тоа ќе помине. Ништо не е вечно. Болката што сега ви се чини неподнослива, утре ќе се претвори во насмевка. Никогаш не заборавајте дека сѐ е минливо во животот. Тоа е најголемата мудрост што треба да ја знаете за да можете да живеете среќни и безгрижно.

Доколку ви се допадна оваа приказна, прочитајте што вреди повеќе од најскапоцениот дијамант на светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар