Поучна приказна: Магарето и бунарот

Поучна приказна: Магарето и бунарот

Еден ден магарето паднало во бунар. Тоа жално плачело со часови додека селанецот се обидувал да смисли што да направи.

Поучна приказна: Магарето и бунарот

Конечно, бидејќи магарето било старо, а бунарот секако требало да се покрие, тој решил дека не вреди да се мачи да го вади јадното животно. Ги поканил сите негови соседи да дојдат да му помогнат. Тие сите земале лопата в рака и почнале да фрлаат земја во бунарот.

Најпрво, кога магарето сфатило што се случува, се утепало од плачење. Потоа, за живо чудо, стивнало. Мудрото животинче смислило план.

Со секое нафрлање земја врз неговиот грб, магарето ќе ја протресело и ќе се качело нагоре врз насобраниот куп. Конечно купот станал толку висок што магарето можело да исчекори од бунарот и веднаш среќно си заминало.

Поука: Животот ќе ти нафрли секакво ѓубре на грбот. За да излезеш од бунарот, трикот е да се истресеш од ѓубрето и да се искачиш еден чекор нагоре. Можеме да излезе и од најдлабокиот бунар, несопирајќи се и никогаш неоткажувајќи се.

Само истреси се и искачи се нагоре!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.