Поучна приказна: Франц Кафка и малото девојче кое ја изгубило својата кукла

Животот е драма преполна со перипетии и пресвртници и она што секој треба да го научи не е само како да се соочи со нив, туку и како ќе се исправи на нозе после крајот на секоја посебна ситуација. Сечија цел е да ги осознае животните вредности олицетворени во љубовта и среќата, но доколку претходно не увидиме како да бидеме благодарни, да простиме и како да прифатиме дека изгубеното можеби никогаш нема да се врати, тогаш нема да можеме да ја почувствуваме вистина во својата најчиста форма. Во продолжение прочитајте приказната за Кафка и малото девојче која ќе ви ја врати надежта.

Поучна приказна: Франц Кафка и малото девојче кое ја изгубило својата кукла

Еден ден, во паркот каде секојдневно се шетал, Франц Кафка сретнал едно мало девојче. Тоа плачело бидејќи ја изгубило куклата. Кафка се понудил да помогне во потрагата по куклата и се договориле да се најдат на истото место, наредниот ден. Со оглед на тоа дека не ја пронашол куклата, составил писмо во име нејзино име и ѝ го прочитал на девојчето.

„Те молам, немој да жалиш за мене. Тргнав на пат да го видам светот. Ќе ти пишувам за своите случувања.“

Тоа било прво во низата писма. Кога и да се сретнел со девојчето, Кафка ѝ ги читал своите внимателно напишани писма за измислените авантури на саканата кукла. Тоа го утешило девојчето. Кога на нивните средби им дошол крајот, Кафка на малото девојче му подарил нова кукла која не била ни слична со изгубената.

На прикачената порака пишувало: „Патувањата ме изменија…“

Многу години подоцна, сега веќе возрасна, девојката нашла скриено писмо во куклата. Содржината гласела:

„Сѐ што сакаш, еден ден ќе се изгуби, но на крајот љубовта ќе се врати во некој друг облик.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар