5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Со доволно финансиски средства, волја и желба за патување, секој може да отпатува каде што ќе посака. Но, постојат и такви места на нашата планета кои ниту ниеден турист не би можел да ги посети бидејќи се забранети за пристап. Во продолжение прочитајте за 5-те најмистериозни познати места каде ниеден турист не би сакал да ја тестира својата судбина.

1. Суртсеј

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Причина за забрана на посета: Научни експерименти

Во 1963-тата година, во водите во Исланд еруптирал еден подводен вулкан и во кратко време се формирал нов остров од 2,7 квадратни километри. Островот моментно добил големо внимание од научниците од различни земји, како пример за островско формирање и почеток на нов живот. Оттогаш, Суртсеј, именуван по митолошкиот лик Суртр – лидерот на огнените џинови, служи само за научни цели и е забранет за туристите.

2. Островот Куемада Гранде

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Причина за забрана на посета: Отровни змии

Уште познат како змиски остров, Куемада Гранде се наоѓа на 35 километри од Бразил и изгледа како вистински рај. Но, за да го посетите можеби ќе платите со животот, бидејќи е преполн со отровни змии: На секои 0,43 километри живеат околу 4.000 змии. Најопасната меѓу нив е „bothrops insularis“ или златната змија чиј отров е 5 пати посилен од отровот на другите змии. Смртта настапува веднаш по загризувањето.

3. Северен Сентинел

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Причина за забрана на посета: Агресивно домородно население

Овој остров е дом на племето на опасните Сентинеланци кои избегнуваат секаков контакт со цивилизацијата и силно одбиваат посети. Според научниците, домородците поминале околу 60.000 години во изолација од остатокот на човечкиот свет. Овие луѓе активно ја бранат својата територија: Во 2004-тата стрелале во индиски владин хеликоптер кој летал преку островот за да провери дали на населението му е потребна некаква помош откако удрило цунами. Нивните последни жртви биле неколку изгубени рибари и оттогаш индиската влада издала наредба луѓето да се држат подалеку од островот.

4. Големото светилиште Исе

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Причина за забрана на посета: Само за елитата

Едно од најважните светилишта во Јапонија е комплексот на храмови за Исе Јингу. Главниот храм е обиколен со висока дрвена ограда, каде можат да влезат само свештеници од повисок ранг и членовите на кралското семејство. До 1945-тата година, Исе било уште потешко место за посета: Светилиштето било одвоено од остатокот на светот со реката Мијагава што ја симболизирало границата со обичната и светата земја. На монасите им било забрането да ја преминат реката бидејќи се верувало дека така ќе се уништи светоста на храмот и ќе се предизвикаат големи проблеми за Јапонија.

5. Груинард

5-те најмистериозни места на Земјата каде туристичките посети се забранети

Причина за забрана на посета: Тестирање на биолошко оружје

Во 1942-тата, британската влада го купила шкотскиот остров Груинард за тестирање на биолошко оружје, поконкретно на антракс. Во текот на експериментот, се открило дека антраксот ја загадувал територијата на островот веќе подолго време, што било причина за смртта на 95% проценти од населението. Во 1986-тата година, научниците изјавиле дека островот е исчистен од антракс и бил прогласен за безбеден во 1990-тата година. Но, и покрај тоа, никој не живее таму, бидејќи експертите предупредуваат дека спорите на антракс останале во почвата на островот, што значи дека тој нема да може да биде безбедно населен уште стотици години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар