Порака во шише: Вистинска приказна која ќе ве допре во срцето
Да пронајдете порака во шише во денешно време е скоро неверојатно, освен можеби во приказните. Но, оваа топла емотивна приказна е вистинско искуство за нешто што неодамна се случило на Калифорнискиот брег.

Додека неколку другари рибареле, случајно наишле на стаклено шише кое „испливало“ на брегот. После кратко набљудување, тие забележале дека во него се крие порака. Го отвориле шишето, а таму нашле фотографија и кратко писмо:

[message_box title=”” color=”yellow”]
Моето име е Мел. Имам 3 прекрасни деца и прекрасна жена на скоро 54 години во моментот кога починав. Го сакам океанот, рибарењето во длабоко море, ловењето школки со моите два сина и посетувањето на крајбрежните вирчиња со целото семејство. Денеска моето семејство ми овозможи да почивам на место кое многу го сакам… во океанот. Па, ова е почеток на моето патување… Ако ја пронајдете оваа порака во шише, ве молам одете на мојата Фејсбук-страница _________, ставете слика од себеси и напишете каде сте ме нашле и потоа вратете ме назад на моето патување.
Благодариме и Господ да ве благослови,
Семејството на Мел
[/message_box]
Бидејќи семејството посакува патувањето на Мел да продолжи, откако ја прочитале пораката, рибарите повторно го пуштиле шишето во водата и го вратиле Мел назад во океанот каде што неговата приказна ќе може да продолжи.

