Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

Понеделниците се напорни денови. Многумина ја доживуваат стресно промената од викендот кон работната недела. Од друга страна пак, петокот е ден кој секој едвај го чека. Во овие два дена расположението ви е на различно ниво, а во продолжение погледнете неколку ситуации кои покажуваат колку се разликуваат чувствата за време на понеделник и оние во текот на петокот.

Понеделник: Работната недела само што почнува, а вие сѐ уште сте под влијание на изминатиот викенд и едвај успевате да се подготвите и да заминете на работа, каде што ве чекаат еден куп работи.

Петок: Овој ден ви се чини како сѐ да е поинакво. Чувствувате како постепено ви се враќа енергијата, расположението ви е подобро, а и сте полни со надеж и планови за деновите кои следуваат.

Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

Понеделник: Тешко ви е да се прилагодите на работното место. Тогаш ви требаат и неколку часа за да почнете да се фокусирате на работните обврски, а ве заплашува и секоја дополнително зададена задача.

Петок: Вие сте целосно фокусирани на работата. Имате насмевка на вашето лице затоа што доаѓа викенд. Колку и да се заморите, знаете дека викендот ќе се наградите со дополнително уживање!

Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

Понеделник: Нерасположението е ваш придружник во текот на целиот ден. Најчесто имате нагони за плачење, нервозни сте и постојано барате нешто да јадете.

Петок: Вашиот поглед е насочен настрана од работата. Веќе испланиравте како ќе го искористите викендот, па едвај чекате да заврши работната смена.

Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

Понеделник: Го мразите алармот во понеделник наутро. Ве плаши помислата дека треба да го напуштите удобниот кревет и да се подготвите за работа.

Петок: Забавата може да започне! Денот кој го чекавте цела работна недела веќе е тука.

Понеделник наспроти петок: Како се чувствуваат луѓето во овие два дена?

Да, петокот е веќе тука и вие може да се препуштите на уживање, подалеку од работните обврски!

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар