Турско кафе со лешник и морско оревче

Освежете го вашето омилено кафе

Турско кафе со лешник и морско оревче

Потребни состојки:
  • 1-2 лажички турско кафе
  • 230-300 милилитри изворска вода
  • 1 лажичка кокосов шеќер
  • 1 лажица ликер со вкус на лешник
  • Прстофат морско оревче во прав
  • 1 лажица екстракт од ванила (по вкус)
Начин на подготовка:

Сипете ја водата во ѓезве, додајте го турското кафе и шеќерот (ако одлучите да ставите екстракт од ванила, додајте го и него) и оставете ги сите состојки да потонат до дното. Потоа добро измешајте, сè додека не се стопат. Варете на тивок оган, сè додека не почне да врие. Кога ќе забележите пена на врвот, додајте го ликерот. Повторно почекајте да почне да врие и потоа веднаш тргнете го од оган и сипете го во шолји. За крај, додајте го морското оревче во прав.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар