Подарок кој сите го добиваме од раѓање

Автор: Кристина Николовска

Нашето постоење е како некоја забава која е наречена Свет. Со нашето доаѓање на овој физички Свет нам ни е од Бога подарен подарок, а тоа е Животот. Сите сме го добиле овој прекрасно спакуван подарок и не знаеме што се крие во него додека не го отвориме истиот. Некои од нас со восхитување и нетрпеливост го отвораат и почнуваат да го живеат, да го користат, да уживаат во него, не гледајќи што другите добиле, бидејќи имаат свој и не ги интересира туѓиот.

Подарок кој сите го добиваме од раѓање

А има и онакви кои својот подарок цврсто го држат и не сакаат да го отворат, а притоа гледаат наоколу што другите добиле, чувајќи го својот настрана. Тие го сакаат подарокот на некој кој е гостин на забавата и повеќе ги интересира тоа што некој друг добил, отколку нивните подароци… И така криејќи го својот подарок, истиот им фаќа прашина, толкав слој на прашина што дури и самото пакување ја губи својата беспрекорност и убавина.

На време отворете си го подарокот, додека забавата трае, бидејќи не можете да знаете што се крие во него додека не го отворите. И не заборавајте дека Бог секогаш има одличен вкус кога станува збор за подарување, и сите на забавата сме со ВИП влезници кои лично Тој ги има потпишано. Уживајте во забавата, играјте, пејте, смејте се, бидејќи некои сè уште го чекаат својот ред за влез, а оние пак кои се уморни од забавата полека си заминуваат Дома и оставаат простор за оние кои чекаат ред за да влезат.

ТИ БЛАГОДАРАМ БОЖЕ ЗА МОЈОТ ДАР.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар