Побушави зајаци од овие немате видено

Побушави зајаци од овие немате видено

И покрај тоа што обичните зајаци може да имаат доста бујни влакна, сепак крзното на овие ангорски зајаци ја менуваат сликата за терминот „бушаво“. Ангората е една од најстарите раси на домашни зајаци и тие биле популарни како миленичиња на европските кралски семејства.

Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено

Нивното екстремно волуминозно и дебело влакно, може да порасне толку многу, што го обвива и засенува самото животно. Им се гледа само малечкото, речиси сокриено лице, поради што изгледаат како огромни памучни топки. Волуменот на крзното може да се намали со поткастрување, а бидејќи влакната им се плеткаат во јазли, потребно е редовно чешлање.

Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено

Инаку, нивното крзно е помеко и помазно од кашмир. Овие зајаци се мирни и питоми, но бараат нега. Нивниот просечен животен век е 7-12 години, доколку се чуваат убаво, во домашни услови. Има повеќе видови ангорски зајаци: англиски, француски, џиновски и сатенски.

Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено Побушави зајаци од овие немате видено

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар