Пловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот Океан

Пловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот Океан

Загадувањето на водата е еден од најсериозните предизвици со кои е соочено човештвото. Со цел да се реши овој проблем ќе бидат потребни многу креативни решенија. Луѓето од целиот свет се свесни за проблемот и работат напорно за да развијат свои идеи кои ќе помогнат во отстранувањето на отпадот од океаните и водите во светот.

Пловечки собирач на отпад ќе го чисти островот од ѓубре во Тихиот Океан

Едно од најинтересните, и можеби најветувачките решенија постои од 2013-та година и му припаѓа на тогаш 19-годишниот Бојан Слат. Денес Бојан има 23 години и основал компанија за оваа цел наречена Ocean Clean Up Project. Планот е во развој многу години. Првично се очекувало да се реализира до 2016-та година, но бета тестирањата во океанот започнуваат следниот месец.

„Ова дефинитивно беа возбудливи 5 години со тестирања и истражувања и сега конечно можеме да го лансираме и тестираме првиот систем“, изјавил Бојан.

Изумот на Бојан се состои од мрежа пловечки платформи кои можат да бидат поставени на разни острови од ѓубре низ светот. Користејќи ја силата на природата, систем за собирање на ѓубрето ќе се шири околу островите со ѓубре. Пластиката ќе биде присилена да се движи кон платформите каде што ќе биде одделена од помалите форми, како планктони, и ќе биде складирана за рециклирање. Бидејќи ќе се користат мрежи, самото чистење ќе биде безбедно за морскиот свет.

Без сомнение загадувањето со пластика е сериозен проблем кој го бара вниманието на луѓето. Според едно истражување, до 2050-та година во океаните ќе има повеќе пластика отколку риби. Денес секоја минута се фрла по еден камион пластичен отпад во океаните.

Оваа вознемирувачка реалност стана уште полоша со откритието на уште еден пластичен остров кој е поголем од Мексико. Островот плови низ јужниот дел од Тихиот Океан. Откриен е од капетанот Чарлс Мур кој го забележал островот во северниот дел од океанот во 1997-ма година.

Ефектите од ова загадување можат да се видат на многуте фотографии и видеа на кои се прикажани морски суштества заробени или убиени од пластиката. Во едно видео е прикажано како од носот на желка отстрануваат цела цевка за пиење. Во друго видео е прикажано како неколку луѓе отстрануваат пластична кеса од главата на кит. Секоја година умираат околу 1 милион морски птици поради консумирањето пластичен отпад, а над 90% од сите живи суштества имаат пластика во нивните стомаци.

Погледнете како вие да го намалите загадувањето на водата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар