Девојка нашла неочекувани фотографии на телефонот и сфатила колку нејзиното момче се грижи за неа

Девојка нашла неочекувани фотографии на телефонот и сфатила колку нејзиното момче се грижи за неа

Како знаете дека вашето момче вреди? Или подобро, дали би бил добар сопруг? Епа, оваа пилотка најверојатно го нашла одговорот на овие прашања на многу интересен начин. Тој дошол во форма на рутина за грижа на кожата.

Неодамна, Шаника Лин Силверио заспала во автомобилот по бурната ноќ што вклучувала и „неколку пијачки“. Нејзиното момче, Албрехт Сагарио, ја одвел во кревет, но исто така се погрижил и кожата да ѝ сјае следното утро. И не, тој не направил некој шеговит трик. Сагарио искористил тонер, навлажнувач и крема за очи. Тој дури и ставил регенератор за кутикули на ноктите на нејзините прсти.

„Ја научил мојата рутина за грижа на кожата затоа што ме гледал секоја вечер пред спиење“, вели Силверио. „Следниот ден кога се разбудив, моето лице беше свежо и мазно. И кога го си го проверив телефонот, ги видов фотографиите.“

„Многу сум благодарна за малите нешта што ги прави“, додала таа. „Јас сум среќна девојка што имам некој што толку добро се грижи за мене.“

Силверио била толку воодушевена од фотографиите, што решила да ги сподели на Твитер. Во моментот на пишувањето на овој текст, нејзиниот твит бил лајкнат скоро 120.000 пати и ретвитнат скоро 45.000 пати. Продолжете со читање за да ги видите фотографиите и пишете ни што мислите вие за овој пар.

Запознајте ги Шаника Силверио и нејзиното момче, Албрехт Сагарио

И двајцата се пилоти од Филипините, па тоа веќе ги прави одличен пар

Неодамна, Силверио заспала во автомобилот по бурна ноќ со „малку“ алкохол и Сагарио ја одвел во кревет, а потоа и се погрижил дека нема да ја прескокне нејзината вечерна рутина за нега на кожата

Мицеларна вода

Тонер

Крема за очи

Навлажнувач

И за крај, дури ѝ нанел и регенератор за кутикули на прстите на нозете

Прочитајте и за оваа девојка што дала отказ од здодевната работа за да стане пилот и сега го освојува светот со своите фотографии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар