Писмо до девојката која постојано се забавува од онаа која си ја научила лекцијата

Постојано се вели дека треба да се забавуваме додека сме млади. Нѐ советуваат дека треба да ги искористиме 20-тите години за да ги направиме сите луди и незаборавни работи, пред да се смириме и да основаме семејство. Секако дека ова се најубавите години за забавување, но дали треба да се проба буквално сѐ? Каде треба да се повлече границата пред да стане предоцна? Прочитајте го ова искрено писмо од девојката која ја научила лекцијата на потешкиот начин до онаа која постојано сака само да се забавува…

Писмо до девојката која постојано се забавува од онаа која си ја научила лекцијата

Здраво девојко,

Се надевам дека ќе го видиш ова писмо пред да излезеш викендов и дека ќе го прочиташ до крај. Многу е важно. Зборувам од искуство и не сакам да ти ја уништам забавата, само сакам да те предупредам за некои работи.

Кога наполнив 21 година, чувствував дека сите врати ми се отворени. Времето го поминував во дотерување, облекување тесни фустани и носење високи потпетици. Секоја вечер излегував, пиев пиво и шотови со друштвото, се опијанував и правев будала од себе.

Бев млада и не сакав да бидам здодевна и да ги почитувам правилата. Ќе има време за примерно однесување кога ќе остарам и ќе се омажам. Па затоа, излегував многу. Пиев алкохол, имав секс без обврски, се бакнував со девојки за да привлечам внимание. Со неколку зборови: Изигрував будала. По некое време забележав дека моите пријателки пиеја, но сепак се однесуваа нормално. Јас не престанував со пиење додека не почнев да плачам во некој ќош. Губев свест и им се јавував на моите бивши дечковци за да се видиме.

Наредното утро се будев со дупки во сеќавањето. Другарките ме потсетуваат на сите засрамувачки работи што сум ги направила, а остатокот од денот го поминував со главоболка и грижа на совест. Но, потоа ќе се сетев дека сум млада и дека луѓето на мои години така и „треба“ да се однесуваат. Губењето на контролата ми носеше посебно чувство на задоволство. Алкохолот ми дозволуваше да кажам и направам работи кои би се срамела да ги направам на трезно.

Станав позната како „Откачената“. Тоа ми се чинеше како сладок прекар кој се однесува на мојата забавна и спонтана природа, но ми требаше време да сфатам дека момците всушност ме сметаа за „лесна“ девојка. Добив репутација за која не бев ни свесна.

Момците ме искористуваа и не ми се јавуваа никогаш повторно. Деновите ми поминуваа во мамурлак и се чувствував безвредно. Кога сите мои пријатели се средуваа и работеа на нивната иднина, јас се забавував. Забавите беа многу повозбудливи од одењето на факултет и работата. Очајно се обидував да ја исполнам духовната празнина со алкохол и машко внимание, но тоа никогаш не беше доволно.

Требаше да поминат 10 години и да изгубам сѐ за да сфатам дека има поважни работи во животот од пиењето. 20-тите години од животот ми се како во магла. Никогаш нема да си ги вратам тие години назад. Наместо да одам на факултет, се опијанував. Наместо да штедам пари, ги трошев. Наместо да поминувам време со семејството, јас излегував со друштвото. Сега имам 31 година и немам кариера, бидејќи не се посветив на образованието. Не можам да си изградам дом, бидејќи никогаш не тргнував пари на страна. Не можам да поминувам време со родителите, бидејќи и двајцата починаа во моите 20-ти години.

Животот поминува и ништо не е постојано. Му доаѓа крајот додека да трепнете. Мора да го искористиме тоа малку време што го имаме на светов најдобро што можеме и ова го зборувам од искуство. Не треба да трошиме време на пиење и „мување“ со идиоти. Не велам дека треба да се замонашите, но треба да ја знаете границата!

Патувајте. Истражувајте го светот. Млади сте и имате цел живот пред вас. Вашиот дух е слободен и може да оди каде и да посака. Створете моменти вредни за сеќавање. Медитирајте. Спознајте се себеси и заљубете се во вашата душа. Бидете авантуристи и зграпчете го денот! Ќе дојде времето кога ќе го запознаете вистинскиот и ќе основате семејство, но мали се шансите за тоа ако се облекувате непристојно и се „клатите“ по дискотеки.

Научете да се сакате и цените себеси. Бидете одговорни и денес направете нешто за кое во иднина ќе бидете благодарни. Ви ветувам дека деловите од сложувалката самите ќе се наместат и животот ќе ви биде прекрасен.

Со љубов,

Девојката која си ја научи лекцијата на потешкиот начин


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар