Акинатор: Онлајн дух од ламба што може да ви ги погоди мислите

Акинатор: Онлајн дух од ламба што може да ви ги погоди мислите

Ако сте нервозни и барате каков било начин да се расположите или пак, едноставно сакате да си ги одвлечете мислите од секојдневието, имаме одличен веб-сајт за вас! Станува збор за онлајн дух од ламба познат како Акинатор. Тој најпрво ќе побара од вас да си замислите одредена личност, реална или фиктивна, жива или мртва, и потоа ќе почне да ви поставува прашања со чија помош ќе погоди точно за кој станува збор.

Акинатор: Онлајн дух од ламба што може да ви ги погоди мислите

Не ни верувате? Обидете се и самите. И направете го вашиот избор што потежок за Акинатор за да ги откриете неговите вистински способности. Ви ветуваме дека ќе останете без зборови. Но, ако сепак успеете да го победите, тој ќе се заинтересира за личноста што сте ја замислиле и ќе побара повеќе информации за неа – така што следен пат и овој избор ќе може да го погоди, доколку е направен од страна на вас или некој друг. Уживајте!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар