Овој двегодишен германски овчар секогаш ќе изгледа како мало кученце

Повеќето луѓе обожуваат слатки, меки животни, без разлика дали се работи за мачки, кучиња, зајачиња или панди! Колку помало, толку послатко! Па, во овој случај, мајката природа решила да си поигра и создала припадник на една голема раса кучиња како што е германскиот овчар, да изгледа како симпатично мало кученце до крајот на животот. За жал, тоа е цената што мора да се плати. Но, немојте да се грижите, оваа приказна има среќен крај!

Ова е Ренџер!

Ренџер е целосно пораснат 2-годишен германски овчар, кој и покрај својата возраст е засекогаш заглавен во тело на кученце. Ова се должи на ретката состојба што ја има – џуџест раст поради нарушување на функцијата на хипофизата. Тој бил дијагностициран со џуџест раст по примањето на инјекција за инфекција предизвикана од паразитот наречен гиардија.

Поради својата ретка состојба тој до крајот на животот ќе остане мало кученце

Сопственикот на Ренџер, Шелби Мајо, се обидела да ја објасни неговата состојба и објаснила дека кога првично го добиле Рeнџер од одгледувачот, тој бил помал од сите други негови роднини, но тие сфатиле дека тоа е затоа што тој имал паразит наречен кокцидија. Во следните недели, го однеле дома и тој бил излечен од паразитот, но подоцна го добил паразитот гиардија. Во исто време, откриле дека Рeнџер има и голема инфекција на вратот. Ја ставиле инфекцијата под контрола, и решиле повторно да го лекуваат кучето.

Кученцето има џуџест раст по лекувањето од инфекција

Откако се опоравил од болеста, неговите сопственици забележале дека тој не расте како што треба. Го однеле на ветеринар и откриле за ретката состојба на нивното куче. Болеста предизвикала да му се митари крзното и да му се лупи кожата, но тој надминал сè!

Ренџер сепак успеал да ги преброди сите тешки моменти и сега е среќно куче

Не грижете, неговите прекрасни сопственици и зачудувачкиот број следбеници на Интернет се погрижиле тој да го добие вистинскиот третман и сега е целосно закрепнат. Ренџер сега е среќен и здрав и ужива со своите пријатели!

Можеби сакате да прочитате и за верверичката трендсетерка Џил којашто има свое мече и ја обожува модата.



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар