Оваа слика од две девојки кои се прегрнуваат стана вирална, но не поради очигледната причина

Оваа фотографија била споделена на Фејсбук од страна на еден Бразилец кој се вика Нелсон Филипе.

Оваа слика од две девојки кои се прегрнуваат стана вирална, но не поради очигледната причина

Со неа тој се буни за работи кои се случуваат во метрото во неговиот град. На неа се гледаат луѓе кои одат, луѓе кои стојат и чекаат, како и две девојки кои се прегрнуваат. Под сликата напишал:

„Немам предрасуди. Мислам дека луѓето треба да прават што сакаат со нивните животи. Но мислам дека нема смисла да морам да гледам сцени како оваа. Тоа што луѓето прават насамо е нивна работа, но она што го прават јавно ме засега и мене. Не сакам да видам глетка како оваа и да ја сметам за нормална. Таа се коси со моралот, а тоа може да биде опасно. Што ако настане некоја трагедија, или уште полошо, ако загине некој, тогаш кој ќе биде крив? Што би се случило ако некое дете ја гледа оваа глетка секој ден? Децата ќе мислат дека е нормално да го чекаш метрото газејќи ја жолтата линија. Немојте да правите како дечкото онаму. Следете го примерот на девојките.“

Не би можеле, а да не се сложиме со протестот на овој човек против ваквото нарушување на моралот во јавност.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар