Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Трагедиите се случуваат без да нѐ предупредат, но најважно во тие мигови е семејството да остане заедно и да си ја пружи меѓусебната поддршка. Но, откако Тиан Хаичанг од Кина останал парализиран по сообраќајна несреќа, неговата жена со која бил во брак 7 години го напуштила. За среќа, не сите му го свртеле грбот.

Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Според кинеските медиуми, Тиан останал парализиран на левата страна од градите надолу откако учествувал во сообраќајна несреќа додека се возел во такси во 2016 година. Неговата жена го напуштила само неколку месеци подоцна, земајќи го постарото дете со нејзе.

„Таа дента ми рече дека ќе остане кај мајка ѝ неколку дена. Но, никогаш не се врати, а го зеде и нашиот син со неа.“

Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Само неговата ќерка, 6-годишната Џиа Џиа, останала со него и оттогаш комплетно се грижи за својот татко.

Џиа Џиа станува секој ден во 6 наутро и ги масира мускулите на татко ѝ половина час. Пред да оди на училиште, малото девојче исто така му ги мие забите и лицето.

Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Додека е на училиште, за Тиан се грижат неговите постари родители кои се фармери. Откако ќе се врати, Џиа Џиа го храни татко ѝ и му помага да се раздвижи низ куќата со помош на рачно изработената направа.

Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштилаОва девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Девојчето дури научило да ја бричи брадата на нејзиниот татко.

„На почетокот, не знаев како да бричам и го раскрвавував лицето на тато. Но, тато ми рече дека не го болело. Сега сум многу добра во бричењето на неговата брада. Баба ми вели дека ја бричам многу прецизно.“

Џиа Џиа вели дека не ѝ недостига нејзината мајка бидејќи таа не се грижи за татко ѝ, но сепак ѝ недостига брат ѝ со кој порано била многу блиска.

Ова девојче се грижи за нејзиниот парализиран татко, откако мајка ѝ ги напуштила

Прочитајте и за ова дете кое изодува по 5 километри во смрзнувачки услови за да стигне на училиште.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар