Отстранете го непријатниот мирис од зимската облека со помош на овој трик

Сигурно и вам ви е позната ситуацијата кога во постудените денови ќе извадите некој џемпер и ќе сфатите дека тој мириса некако чудно и непријатно. Но, постои решение и за тоа. Со помош на овој трик ќе можете да го освежите вашиот гардеробер пред промената на годишните времиња. Сѐ што ви е потребно е шише за распрскување и вотка (корисна е и евтината вотка).

Отстранете го непријатниот мирис од зимската облека со помош на овој начин

Еве што да направите: Наполнете го шишето со вотка и напрскајте ја вашата облека (направете магла од спрејот на околу петнаесетина сантиметри оддалеченост), а потоа закачете ја да се суши.

Ова е корисно затоа што алкохолот ги убива бактериите кои предизвикуваат непријатен мирис, па откако ќе се исуши, облеката нема да ви мириса непријатно (така што не мора да се грижите дека ќе мирисате на алкохол). Само бидете претпазливи на скапите материјали како што е свилата или кожата, кои најдобро е да ги оставите за суво чистење. Волната, памукот и полиестерот се погодни за овој начин на освежување. Па, кажете ѝ збогум на непријатната миризба и уживајте во претстојните студени денови.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар