Дознајте на кои познати личности личите со помош на оваа интересна апликација

Сигурно ви се случило да седите во друштво и од досада да почнете да се споредувате со некои познати холивудски актери, популарни пејачки, па дури и политичари. Современата технологија сега нуди можност да дознаете на кои две познати личности најмногу личите. Станува збор за интересен веб-сајт, а сѐ што треба да направите е да кликнете на копчето што ќе ве поврзе со вашиот Фејсбук профил и да почекате неколку секунди за резултатите.

Дознајте на кои познати личности личите со помош на оваа интересна апликација

Ќе се изненадите од тоа колку сличности имате со популарните актери, водители и претседатели. Па, што чекате? Веднаш посетете го веб-сајтот blobla.com и забавувајте се.

Секако дека станува збор само за апликација, па немојте да се вознемирувате ако ви се падне некоја личност која и не ви е баш омилена. Сепак ќе мора да признаете дека ова е одличен начин да се убие досадата и да се расоните малку пред да го започнете денот полн со обврски.

Какви резултати добивте? Споделете ги со нас во коментари.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар