Одберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуација

Одберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуација

Кога станува збор за откривањето на нештата што треба да ги направите, понекогаш вашата потсвест знае за што станува збор. Од сликата одберете го лотосот што најмногу ве привлекува. Еден ќе се истакне од другите и ќе ви го даде советот што ви е потребен во сегашната ситуација.

Одберете лотос и прочитајте го советот што ви е потребен во сегашната ситуација

Лотос 1

Доколку ве привлекува овој лотос, тогаш ситуацијата со којашто сте соочени е многу потешка отколку што мислите. Важно е да останете што е можно посмирени. Сега не е време да ги покажете вашите вистински емоции. Колку подолго го задржите мирот, толку подобро.

Не заборавајте дека понекогаш е подобро да отпуштите нешто што ви причинува болка, наместо да му давате моќ. Колку тешко ѝ да ви изгледа, вие сте силни и можете да поднесете што било.

Лотос 2

Морате да размислите. Делувањето без размислување ќе ви донесе само проблеми во наредните неколку недели. Некои луѓе ќе се обидат да ве повредат, па обидете се да се фокусирате на вас, а не на другите.

Размислете за вашата финансиска состојба и работете на подобрување на потребните области. Морате да пронајдете стабилност. Иако можеби мислите дека сега не ви оди добро, вашата ситуација е подобра од онаа на најблиските.

Лотос 3

Вашето срце пати поради нешто што не можете да го промените, но ова не е причина да се претворате во жртва. Работете на проблематичните области во животот и излезете од вашата школка. Со текот на времето ќе се чувствувате подобро, а она што ви се случува сега во животот нема да трае вечно.

На крај ќе имате моќ да се навратите на овој период и да сфатите дека сте еден од најдобрите борци. Од голема корист ви е отстранувањето на токсичните луѓе од животот.

Лотос 4

Во последно време, вашиот живот е во неред. Се чувствувате тажно и неспособно да се движите напред. Немојте да се криете, нема потреба од страв од туѓото мислење.

Кога се чувствувате вака, направете го спротивното од она што би го направиле вообичаено. Наместо да ѝ се предадете на меланхолијата, создадете нови сеќавања и градете значајни врски. Минувајте време со луѓето кои ги сакате најмногу.

Лотос 5

Засега животот ви оди навистина добро, иако можеби не ви се допаѓа каде се наоѓате. Како што минуваат деновите, би требало да им покажете благодарност на луѓето околу вас. Што повеќе време минувате со саканите, толку подобро за вас.

Забавувањето ќе ви помогне да се опуштите и да го ослободите вашиот ум. Во последно време сте позафатени од вообичаено, а тоа се забележува.

Лотос 6

Вашите емоционални рани се подлабоки отколку што мислите, а ова е нешто што морате да го надвладеете. Проблемите кои се одвиваат во вашиот ум ве мачат и морате да работите на нив. Можеби би ви помогнал совет од нов извор.

Сега не се чувствувате добро во својата кожа, но престанете да се плашите и зачекорете во непознатото. Дајте си прилика да напредувате. Нештата со кои се соочувате нема да ве уништат ако не им дозволите.

За да дознаете што треба да промените во вашиот живот, кликнете на картата што најмногу ви го привлекува вниманието.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар