Одберете карта и дознајте што треба да знаете и што треба да смените во вашиот живот

Одберете карта и дознајте што треба да знаете и што треба да смените во вашиот живот

Кој меѓу нас не би сакал да знае каква судбина го чека? Кој меѓу нас не би сакал да дознае што ќе ни се случи во блиска иднина и дали нешто може да се избегне или искористи за наша корист? Со цел да ви помогнеме да се подготвите подобро за вашата блиска иднина, го споделуваме овој тест со вас. Сè што треба да направите е да одберете една карта и да го прочитате своето предвидување.

Прва карта

Оваа карта симболизира единство. Ако сте ја одбрале, тоа значи дека во следните неколку денови ќе барате духовни одговори, но ќе се држите подалеку од традиционалните верски конвенции. Треба да се поврзете со себе со цел да го пронајдете својот пат или да се поврзете со учител, којшто ќе ви помогне да ги најдете одговорите на своите прашања. Важно е вашата работа да биде во рамнотежа со желбите на вашето срце и да бидете љубезни, не само кон другите, туку и кон себе.

Втора карта

Оваа карта е една од најубавите и симболизира доба на исполнетост, среќа, светлост и оптимизам. Сè што сакате ќе дојде во вашиот живот и ќе ве исполни со љубов и позитивни нешта. Сонцето претставува љубов, просперитет, здравје, убавина и успех, а ако сакате да бидете родители, ќе имате среќа бидејќи оваа карта може да најавува и бременост. Таа носи толку добри нешта во вашиот живот, што нема да ви се верува, но за да ги примите, мора да бидете великодушни и да им помагате на другите за да ја одржите рамнотежата.

Трета карта

Ова е картата на новите почетоци и најавува повторно раѓање, затворање на старите циклуси и започнување нови циклуси. Дојде времето кога ќе мора да оставите сè зад себе, сè што не го исполнува вашето срце. Време е за процена, за учење, раст и созревање. Ќе го оставите зад себе сето она што не ви треба, и ќе започнете нов живот, полн со големи нешта што ќе ви донесат радост и среќа во вашиот живот.

Ви се допадна овој тест? Имаме уште еден за вас! Одберете една карта, кликнете на неа и откријте важна порака за вашата темна страна


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар