Одберете ја сликата која најмногу ве привлекува и прочитајте ја пораката што ви ја носи

Одберете ја сликата која најмногу ве привлекува и прочитајте ја пораката што ви ја носи

Без разлика каде се наоѓаме и што правиме во моментот, сигурно има нешто што нè чува и нè води низ животот. Понекогаш добиваме пораки и патокази преку соништа, песни на радиото, па дури и преку животни. Но и овој тест може да ви помогне да ја откриете вашата порака. Послушајте ја интуицијата и одберете ја сликата која најмногу ве привлекува и погледнете што таа има да ви каже.

odberete-ja-slikata-koja-najmnogu-ve-privlekuva-i-prochitajte-ja-porakata-kafepauza.mk

Слика број 1

Сега е време да ја објавите веста која ја чувате за совршениот момент. Откријте го она што трпеливо го чувавте. Ова значи дека сè си доаѓа на своето место. Сега е совршеното време за следниот потег. Ќе знаете точно кога и како да ги споделите големите новости, па немојте да размислувате премногу за тоа како ќе се одвива целата ситуација.

Слика број 2

Потребно е да се усогласите со вибрациите на љубовта наместо да ги користите вашите аналитички способности кога се соочувате со проблеми во односите. Наместо вашите остри аналитички вештини, искористете ги вибрациите на љубовта за да ја погледнете и другата страна на вашата ситуација. Споделете ја својата љубов и добрите намери и можеби подобро ќе се разберете, а вашиот однос ќе се поправи.

Слика број 3

Можеби сега сте премногу активни во животот, брзате кон вашите цели, но сепак постои нешто што не го гледате, а тоа ви предизвикува проблеми. Продолжете да се движите напред, но бидете свесни за можните последици од вашите постапки. Можеби сте предвиделе некои работи, а тие работи ви предизвикуваат главоболки. Не заборавајте да обрнете внимание на знаците за предупредување кои ви се појавуваат во животот.

Ако сакате да откриете нешто интересно за вас, одберете и една мандала, кликнете на неа и погледнете што има да ви каже.

1-izberete-ja-vashata-mandala-i-kje-otkriete-shto-vi-preporachuva-toj-znak-www.kafepauza.mk_-e1509006467974


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар