Изберете ја вашата мандала и откријте интересни информации за вас

Мандалите имаат способност да одржуваат одредена состојба на умот за секој поединец. Тие им помагаат на луѓето да научат нешто за својот карактер и за она што ги поттикнува – емоционално и ментално. Изберете една од овие шест мандали, онаа која најмногу ве привлекува, па дознајте што таа открива за вас.

Мандала број 1 – Великодушност и моралност

Вие се обидувате да бидете најдобрата верзија од себе. Имате возвишени амбиции и стандарди. На луѓето им е тешко да излезат на крај со вас, а понекогаш дури и вие самите знаете да си го отежнете сопственото друштво. Работите напорно, но само за ваше добро – вие сакате светот со вашата работа да го направите подобро место за живеење. Кога сакате, сакате со целото срце, но само до моментот кога некој ќе ве повреди. Но, сепак продолжувате да сакате, само повнимателно. Малку луѓе го ценат она што го правите.

Мандала број 2 – Фасцинација и вистинитост

Вие сте одговорна личност и сакате да се грижите за другите луѓе. Верувате во искрени работи и едноставно ви е да преземете одговорност. Имате добар карактер, ги инспирирате луѓето околу себе и многу имаат доверба во вас. Вашата личност е позитивна, брза и духовита. Секогаш сте полни со интересни приказни и луѓето сакаат да ве слушаат.

Мандала број 3 – Ум и размислување

Вие сте голем мислител, а вашите мисли и идеи ви се многу важни. Вие со задоволство размислувате за вашите теории и гледишта. Интровертни сте, но сакате да се дружите со луѓе кои се како вас, односно кои се склони кон размислување и учење. Многу сте темелни и многу време трошите размислувајќи за моралноста. Секогаш се обидувате да ја направите вистинската работа, дури и кога поголемиот дел од луѓето не се согласуваат со вас.

Мандала број 4 – Мудрост и филозофија

Навистина сте посебни, ретки се луѓето како вас. Многу сте интуитивни и по малку чудни. Луѓето најчесто не ве разбираат, и тоа ве боли. Личниот простор е многу важен за вас, како и можноста за да ја развивате креативноста. Важно ви е и другите да ве почитуваат. За вас може да се каже дека јасно гледате сѐ околу себе, и светлите и темните аспекти на животот. Многу сте чувствителни.

Мандала број 5 – Смелост и наредба

Вие сте многу независни, а вашето мото е „сѐ направи сам“. Вие си верувате единствено на себе. Добро знаете како да ја одржувате сопствената сила на духот, како и силата на духот на оние кои ги сакате. Знаете многу добро што сакате и не се плашите да се борите за тоа. Сѐ што барате од другите луѓе е да бидат искрени кон вас, бидејќи вие секогаш сте подготвени за вистината, без разлика каква е таа.

Мандала број 6 – Грациозност и чувствителност

Вам ви е едноставно да градите односи со други луѓе. Имате многу пријатели и сакате да им ги разубавувате животите. Вие имате топла и светла аура и луѓето се чувствуваат опуштено во ваша близина. Секогаш размислувате како да подобрите нешто на себе – сакате да бидете поинтересни, длабоки и единствени. Чувството дека некој ве сака ви е поважно отколку на поголемиот дел луѓе. Подготвени сте да сакате, дури и оние кои не реагираат на вашата љубов.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар