Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Сусан Делингер, доктор по науки, смислила забавен тест кој „открива“ дали ја работите работата за која сте родени, односно дали сте ја избрале вистинската струка која одговара на вашиот карактер. Методот на форми, на кој се базира овој тест, е одличен за препознавање на сопствените квалитети, но и маани кои не ни дозволуваат да напредуваме професионално.

Внимателно разгледајте ги понудените форми и одберете една која најмногу ве привлекува, а потоа прочитајте го нејзиното значење во продолжение.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Круг

На вас најважни ви се меѓучовечките односи. Сакате луѓето околу вас да се среќни и задоволни, па често сте омилениот двигател во социјалните кругови. Многу сте емпатични, со луѓето ја делите среќата и тагата, сочувствувате и имате разбирање.

Од друга страна, мааните како склоноста за озборување, неодлучност, мрзливост и самокритичност не ви дозволуваат да го пронајдете својот мир ниту пак признанието за успех.

Идеални професии: домаќинка, писател, учител, глума, маркетинг, историчар, работник за човечки ресурси, угостител.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Квадрат

Работите напорно и многу, претпазливи сте и никогаш не оставате недовршена работа. Вашите доблести се стрпливост и методичност. Сепак, со оглед на тоа што ги анализирате сите детали во работата, тоа ја забавува вашата одлучност, па тешко напредувате.

Кај вас доминантна е левата страна од мозокот, па често логички размислувате од што ја слушате интуицијата. Вие поминувате часови во планирање на секој детаљ за тоа како да дојдете до некое решение.

Идеални професии: сметководител, банкарски службеник, програмер, градежен работник, доктор, инженер, секретар, трговец, возач.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Триаголник

Вие сте роден менаџер. Реагирате брзо, анализирате, учите и впивате информации како сунѓер. Полни сте со самодоверба и настојувате секогаш да бидете во право, па често имате тешкотии да признаете грешка.

Секогаш настојувате работите да ги држите под контрола, критични сте, иновативни, конкурентни и одлучни. Вашата маана ви е нетрпеливоста.

Идеални професии: архитект, претприемач, дизајнер, економист, директор, адвокат, војник, пилот, политичар, лидер на синдикатот.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Правоаголник

Постојано се обидувате да седите на две столици. Не ги препознавате сопствените квалитети и постојано барате излез од моменталната ситуација. Останатите ве гледаат како збунета личност со недостаток на самодоверба.

Од друга страна, вие сте љубопитни и храбри. Немате страв да го направите она што досега не било направено или да го прашате она што другите го избегнуваат.

Идеални професии: претприемач, аниматор, изведувач.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Цик-цак

Како што и самата форма сугерира, вие сте креативна личност. Имагинацијата ви е силна страна, балансирани сте и способни сте да ја препознаете внатрешната убавина. Истовремено, многу сте немирни и не можете долго време да останете на едно место.

Полни сте со идеи, но тешко ги остварувате бидејќи повеќе ве интересираат можностите отколку реалноста.

Идеални професии: уметник, дизајнер на ентериер, научник, музичар, професор, промотор, истражувач, столар.

Одберете една форма и дознајте која е вистинската професија за вас

Расположени сте за уште еден тест? Кликнете на првото нешто што ќе го забележите и дознајте што ве измачува во моментов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар