Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

Бенгал се наоѓа во јужниот дел на Азија, во регионот околу делтата Ганг-Брамапутра и по должината на Бенгалскиот залив. Станува збор за еден од најгусто населените региони во светот, со густина на популацијата од 900/км2. Источниот дел му припаѓа на Бангладеш, а западниот дел на Индија (Западен Бенгал).

Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

Регионот претставува плодна рамнина која е испресечена со бројни речни текови (Ганг, Брамапутра, Мегна, Дамодар, Рупнараин, Тиста) како и канали за наводнување.

Единствен и оригинален меѓу индиските држави по тоа што се протега од Хималаите до морето, Западен Бенгал привлекува сè повеќе туристи кои се во потрага по необични дестинации. Главен град е Калкута чии жители и покрај огромната стапка на сиромаштија сè уште ја одржуваат сликата на софистициран, гостопримлив град кој некогаш бил престолнина на Британска Индија.

Остатокот од Западен Бенгал, пак, се карактеризира со прекрасна палета на пејзажи и култури почнувајќи од Дарџилинг (место прогласено за светско наследство на УНЕСКО) па сè до мочуриштата Сундарбан каде талкаат кралските бенгалски тигри.

Регионот изобилува со необични пејзажи и глетки како на пример мажи и деца кои сортираат рибарски мрежи во Канинг, гратче населено на западниот брег на реката Матла.

Од Хималаите до морето: Земјата каде луѓето живеат во хармонија со природата

Тие треба да се исушат и проверат дали се оштетени пред да се користат повторно. Големината на мрежите варира од 4 до 8 метри во дијаметар. Работниците по сортирањето ги бараат оштетените места и ги шијат дупките со најлонски конец. За еден работен ден, односно околу 10 работни часа добиваат надомест од 12 долари.

Откако прочитавте нешто повеќе за Бенгал, можеби ќе ве интересира да прочитате и кои 5 волшебни дестинации во Индија привлекуваат најмногу туристи.

Извор: punkufer.dnevnik.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар