Нумеролошка прогноза за 2021 година: Какви изненадувањата нè очекуваат?

Нумеролошка прогноза за 2021 година: Какви изненадувањата нè очекуваат?

Ако ги собереме броевите 2, 0, 2 и 1, збирот е 5, што во нумерологијата укажува на слобода. Ова е добра вест, имајќи предвид дека претходната година ги разбранува животите на сите луѓе, внесе конфузија во секојдневниот живот и со нетрпение чекавме да заврши.

Нумеролошка прогноза за 2021 година: Какви изненадувањата нè очекуваат?

Новата година носи нов почеток и влева надеж дека ситуацијата ќе се смени на подобро. Затоа, сега е вистинско време да се позанимаваме со предвидувањата, а познато е дека броевите од 1 до 9 можат да ни помогнат во тоа.

Бројот 5 е поврзан со вишокот, но во позитивна смисла – вишок слобода, ризик, авантура, бегство итн. За разлика од претходните 12 месеци, сега ќе уживаме, ќе се забавуваме и ќе се дружиме повеќе, но промената ќе биде постепена.

Можеби се прашувате какво е значењето на збирот на броевите 2, 0, 2 и 0 и дали можевме да предвидиме неповолен развој на настаните во текот на претходната година. Имено, бројот 4 ја претставува структурата, но овој пат бевме сведоци на нејзиното рушење. Затоа, се поставува прашањето како да ја прифатите слободата по периодот на неизвесност, а одговорот е едноставен – треба да се прифатат дадените околности и да се продолжи со нови идеи. Непознатото ќе стане ново нормално, но може да нè одведе и во позитивна насока.

Прочитајте кои знаци покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар