6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај

6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај

Манифестацијата на тоа што го сакате е најочигледниот знак дека законот на привлекување работи за вас, но понекогаш и универзумот ви испраќа мали и суптилни сигнали дека сте на вистинскиот пат.

6 знаци што покажуваат дека универзумот работи на вашиот случај

1. Гледате повторени низи броеви

Ако видите 111, 222, 333 или 11:11, 22:22 веројатно треба да продолжите да го правите тоа што го правите. Иако бројот 1 е можеби најзначајниот број, секоја повторувачка низа броеви ви кажува дека универзумот работи на вашиот случај.

Проучувањето на нумерологија може да ви открие повеќе информации за тоа што може да значи бројот што го гледате. На пример, 21:21 значи рамнотежа и самореализација, што укажува дека растете како личност.

Внимавајте кога ќе ги погледнете овие броеви затоа што тие најчесто ќе се појават кога ќе имате нови идеи за активности што треба да ги преземете за да ја постигнете својата цел.

2. Доживувате дежа ву

Секој пат кога ќе доживеете дежа ву – чувство дека правите или чувствувате нешто што сте го направиле или чувствувале порано, може да значи дека законот за привлекување работи за вас. Ова искуство го доживувате кога навистина ќе го пронајдете своето место во светот.

Исто така, можете да извлечете попрецизни заклучоци во зависност од тоа кога ви се појавува дежа ву. Ако продолжите да ги имате овие епизоди на одредено место или во друштво на одредено лице, размислете како таа локација или таа личност може да придонесе за постигнувањето на вашите цели.

3. Чувствувате трнење

Ако не сте болни, а чувствувате трнење – тоа е всушност позитивен знак. Кога тоа ќе се случи, вашето тело и вашата потсвест се усогласени со нешто важно во вашата околина.

Можеби ќе почувствувате трнење кога ќе сретнете нова личност која ќе има значаен придонес за вашите достигнувања или кога ќе се движите надвор од зоната на удобност за да ја постигнете целта. Кога размислувате за некоја личност, а потоа веднаш ќе добиете телефонски повик или порака од таа личност, тоа е показател дека потенцијалот за реализација на вашите желби е многу голем во тој момент.

Дури и ако таа личност нема никаква врска со главната работа што се обидувате да ја привлечете, овој вид средба докажува дека универзумот ве слуша кога јасно и гласно ги кажувате своите барања.

4. Гледате виножито или облаци со интересни форми

И природниот свет може да ви испраќа сигнали дека сте на вистинскиот пат. Многу луѓе гледаат виножито кога надминуваат значителни пречки или предизвици што ги спречуваат да ги реализираат своите соништа. Ако видите виножито, бидете сигурни дека се приближувате кон целта.

Погледнете на небото и разгледајте ги формите на облаците. Дали гледате нешто позитивно што личи на ѕвезда, на срце или на тоа што најмногу го сакате? Ова е уште еден позитивен сигнал.

5. Чувствувате длабок мир

Ако во последно време се чувствувате многу повеќе смирено, а нема очигледна причина за тоа, тоа значи дека вашите вибрации се во склад со вибрациите на универзумот.

Секогаш кога го правите тоа за што сте родени да го правите, односно нештата што ви носат најмногу инспирација и задоволство, тогаш имате чувство на смиреност. Дури и ако сè уште не сте ги постигнале своите цели, чувството на мир покажува дека сега сте во склад со својата цел.

6. Среќни сте

Кога се чувствувате добро (или барем подобро отколку што се чувствувавте), вие се усогласувате со вибрациите на универзумот. Во суштина, постои повратна реакција – колку повеќе сте усогласени, толку посреќно се чувствувате, а среќата поттикнува понатамошно усогласување.

Секој пат кога ќе го анализирате своето ментално здравје и ќе сфатите дека се чувствувате сè подобро и посреќно, имате добра причина да верувате дека универзумот работи на вашиот случај.

Прочитајте ги овие 12 знаци што покажуваат дека сте блиску до некој што го познавате од минатиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар