Нежен џин: Највисокиот маж во Бразил стапи во брак со најниската жена

Жоелисон Фернандес де Силва од Бразил пораснал мислејќи дека ќе биде доживуван како чудак. 28-годишниот Силва е највисокиот маж во неговата држава, со висина од 233 сантиметри. Тој додека растел бил толку исмејуван на училиште што со тек на време решил да престане да оди.

(1) Нежен џин: Највисокиот маж во Бразил стапи во брак со најниската жена

Но, неговата самодоверба почнала да расте откако на 21-годишна возраст направил операција при која му го отстраниле бенигниот тумор на хипофизата поради кој и растел толку многу. По операцијата неговата висина не продолжила да се зголемува, па токму тоа и предизвикало тој да почне гордо да се движи низ својот живот.

(2) Нежен џин: Највисокиот маж во Бразил стапи во брак со најниската жена

Работите за него целосно се смениле кога се запознал со 21-годишната Еви Медеирос. Како што вели тој, се заљубил во неа истиот момент кога прв пат ја здогледал. Но, она што е најинтересно кај неа е што таа е висока само 152 сантиметри. Тој вели:

„Нашиот љубовен живот е нормален. Ние се адаптираме. Кога лежиме, сите сме со иста висина.“

Медеирос има среќа да има татко кој целосно ја прифаќа висината на нејзиниот сопруг. Тој дури и се шегува за целата работа, велејќи:

„Ќерко, ти реков да си најдеш маж, голем маж. Но, ти претера.“

(3) Нежен џин: Највисокиот маж во Бразил стапи во брак со најниската жена

Овој пар е доказ дека за љубовта навистина не постојат никакви граници. Без разлика на висината, годините, или пак бојата на кожата, љубовта може да се најде дури и во најнеобичните комбинации. Силва и Медеирос се пресреќни што имале можност да се запознаат и да почнат да го делат нивниот живот, а во моментов тие се обидуваат и да го прошират нивното интересно семејство со дете. Погледнете нешто повеќе за нивниот живот во следново видео…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар