Неверојатно научно откритие: Болката е заразна

За да остварите цврсто пријателство или емоционална поврзаност со некого потребно е да поседувате нормална доза на емпатија и интуиција со цел да можете да откриете кога на другата личност не ѝ е добро. Вообичаено тоа го сметаме за способност на емоционално ниво, а не на физичко. На пример, сигурно досега не ви паднало на памет дека физичката болка е заразна. Меѓутоа, група научници истражувале дали болката може да се пренесе и откриле дека кај глувците токму тоа се случува. Кога истражувањето би можело да се спроведе и на луѓе, можеби конечно ќе се добие објаснување зошто се појавуваат некои болести како што е фибромијалгијата (хронична, широкораспространета болка без позната причина).

Неверојатно научно откритие: Болката е заразна

Истражувањето било предводено од страна на Андреј Рјабинин од Универзитетот за здравје и наука во Орегон. Рјабинин и неговиот тим затвориле глуци во кафези оддалечени два метра еден од друг за да не можат да се видат. На некои од глувците им бил вбризган хемиски иритант во шепите. За да ја тестираат нивната хиперсензитивност, научниците им ги скокоткале шепите со влакно и притоа мереле колку брзо глувците ќе ги излижат шепите за да ги исчистат од иритантот, или им ги потопувале краевите на опашките во топла вода за да видат колку брзо ќе ги извадат. Тимот дознал дека глувците изложени на болка биле исто толку свесни за неа колку и оние кои не биле изложени на ништо.

Болката што ја чувствувале глувците од хемискиот иритант била два пати поголема од онаа која ја почувствувале глувците кои не примиле иритант, но сепак и тие ја почувствувале. На овој начин Рјабинин докажал дека болката може да се развие благодарение на некои знаци што несвесно ги испраќаме на околината. Не мора да имате повреда или воспаление за да доживеете болка.

Кај глувците, „заразната“ болка се ширела преку мирисот, односно глувците кои доживеале болка испуштале мирис што ја оддавал нивната хиперсензитивност, па така глувците кои не чувствувале болка лесно го забележувале овој знак. Сепак, не можеме да знаеме дали ова се однесува и на луѓето. Претходни истражувања покажале дека луѓето кога ќе видат човек кој има болки, добиваат болен и искривен израз на лицето. Меѓутоа, болката што ја искусува набљудувачот во таков случај предизвикува тој повеќе да се фокусира на сопствената болка отколку на туѓата. Реакцијата е таква кај секој трет човек. Иако болката е „заразна“, тоа не значи дека сочувствуваме со ситуацијата низ која поминуваат другите.

Потребни се уште многу истражувања за да се докаже дека луѓето реагираат на ист начин како глувците. Но, доколку се најдете во ситуација да почувствувате физичка болка само затоа што сте во близина на некој кој е повреден, ова откритие може барем малку да ви разјасни некои работи.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар