Неочекувани резултати: Половина од момците сметаат дека бакнувањето не е неверство

Изгледа неверството значи различни нешта за различни луѓе. За некои, тоа е флерт или секси порака, додека пак други, веруваат дека само сексот спаѓа во категоријата изневерување. Според едно ново истражување, изгледа дека половина од младите момци спаѓаат во втората категорија, тврдејќи дека бакнувањето со друга жена (или маж) не е неверство. За разлика од нив, само 27% од жените го имаат истиот став.

Ист процент момци изјавиле и дека виртуелниот секс не е неверство, додека пак, само 25% од жените се согласиле со нив. Според експертите за љубовни врски, овие разлики можат да бидат резултат на различните начини на коишто мажите и жените доживуваат интимност.

„Не постои начин овие два вида размислувања да се изедначат“, вели Џејмс Прис, тренер за љубовни врски. „Без разлика на полот, ако бакнете друга личност и ако не верувате дека сте го изневериле својот партнер, тоа укажува на темелен недостаток на почитување кон партнерот и вашата врска. Ако вам не ви е грижа за последиците од вашето однесување или како вашиот партнер ќе реагира на вашето однесување, тогаш сте во врска со погрешна личност.“

Истражувањето било спроведено од британското BBC Radio 5 Live и вклучува податоци од 2.066 мажи и жени од Велика Британија.

Според она што и може да се очекува, истражувањето потврдило дека 91% од луѓето во студијата го сметале сексот со друга личност освен партнерот за неверство. Но, кога станува збор за други видови интимност, границите не се толку јасни. Дури 40% од испитаниците сметаат дека неверство е и одржување на профилот на апликации за запознавање, додека пак, 60% го сметаат ова како безопасен интерес.

Во која категорија спаѓате вие?

Момци имаме и одлични вести за вас: Гледањето во женски гради ќе ви помогне подолго да живеете!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар