Навидум обични фотографии коишто кријат незамисливи приказни - Part 2

Навидум обични фотографии коишто кријат незамисливи приказни

7. Најмладата мајка

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Кога имала само 5 години, Лина Медина била однесена на болница поради екстремен израсток во стомакот. Откако бил прегледана, била откриена ужасна вистина – Лина била 7 месеци бремена. Наводно, Лина била родена со ретко нарушување поради кое нејзиниот сексуален развој започнал многу рано. Лина родила момче на 14-ти мај 1939-та година и станала најмладата мајка во историјата. Таткото на детето до денес останува мистерија.

8. Двајца браќа

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Оваа навидум забавна фотографија од браќата Мајкл и Шон Меквилкен била направена на 20-ти август 1975-та година, во Националниот парк во Калифорнија. Фотографијата ја направила нивната сестра Мери, и тоа само секунди пред да бидат удрени од молња. Во тој момент преживеале сите тројца, но за жал Шон, најмладиот брат, си го одзел животот во 1989-та година.

9. Чкртаниците на Терезка

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Оваа морничава фотографија била направена во 1948-ма година од страна на Дејвид Сејмор, во дом за емоционално вознемирени деца во Варшава. Тој ден децата имале задача да го нацртаат нивниот дом на таблата. Додека другите деца цртале куќи, Терезка, која пораснала во концентрационен логор, имала поинаква слика за зборот дом. Можеме само да се прашуваме што значат чкртаниците, но ужасите од кампот можат да се забележат и во нејзиниот поглед.

10. Хотелски менаџер истура киселина во водата

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Оваа фотографија е направена во 1960-тите од страна на Хорас Корт. На фотографијата е прикажана група од бели и црни луѓе кои пливаат во базенот на мотелот Мonson Motor Lodge. Надвор од базенот се гледа менаџерот на мотелот кој истура избелувач врз луѓето. Седум денови пред инцидентот, Мартин Лутер Кинг Џуниор бил уапсен за влегување во истиот мотел, откако бил замолен да си замине. Групата демонстранти сакала да направи мирен протест, така што влегле да се капат во базен само за белци. Белците, кои веќе биле гости во мотелот, ги поканиле црнците да им се придружат во водата. Менаџерот Џими Брок, обидувајќи се да ја растури забавата, истурил шише киселина во базенот.

11. Деца за продажба

Навидум обични фотографии коишто кријат неверојатни приказни

Животот за време на војна бил екстремно тежок – залихата на храна била недоволна, а и ретко имало работа. За некои луѓе, проблемите продолжиле и после војната. На оваа трагична фотографија направена во 1948-ма година, се гледаат 4 деца и нивната мајка која го крие лицето од срам. Лусил имала само 24 години, но тогаш била бремена со петто дете. Нејзиниот сопруг само што ја изгубил работата и семејството го чекало бркање од апартманот. За да го избегнат животот на улица, родителите решиле да ги продадат децата. Сите деца биле продадени, а постојат и гласини дека биле направени робови.

Погледнете ги и овие моќни фотографии кои ни покажуваат низ што поминал светот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар