Науката уште еднаш докажа: Насилните видео игри не ги претвораат луѓето во чудовишта

Едно ново истражување објавено во весникот Molecular Psychology нуди побивање на многу познатиот мит кој особено се прослави со пукањата во САД.

Науката уште еднаш докажа: насилните видео игри не ги претвораат луѓето во чудовишта

Германските истражувачи собрале 3 групи здрави возрасни луѓе кои не играат видео игри, вкупно 77. Секоја група пополнувала прашалник на почетокот. Следните 2 месеци една група била задолжена да ја игра Grand Theft Auto V по 30 минути дневно. Оваа игра нуди 30 разни оружја и можете да предизвикате вистински хаос во неа. На другата група ѝ било дадено задолжение да ја игра Sims 3, игра без никакво насилство. На последната група ѝ било кажано да се врати за уште еден прашалник по 2 месеца, кој го пополниле и останатите 2 групи. Секоја група пополнила и трет прашалник, 2 месеца по вториот.

Истражувачите не откриле никаква значителна разлика во нивото на гнев кај испитаниците пред и после играњето. Истото важело и за нивната емпатија, контрола на импулсот, ниво на анксиозност и депресија. Исто така немало и некои забележливи разлики помеѓу групите.

„Некои луѓе сметаат дека ефектите се акумулираат со текот на времето, но ова истражување го побива тој факт. Сметам дека ова е важен доказ кој ни покажува дали видео игрите влијаат или не влијаат на агресијата“, изјавил Крис Фергусон професор по психологија.

Ова истражување е последно кое ги брани видео игрите.

„Во изминатите 5 години видовме експлозија од истражувања кои тврдат дека видео игрите не се виновни за насилството. Овие истражувања се причината зошто мнозинството научници не веруваат дека игрите не се закана за општеството“, изјавил Патрик Марки од истражувачката лабораторија при Универзитетот Виланова.

Некои постари истражувања пронашле опасен ефект, демонстриран како теоретски феномен. Според оваа теорија, нашите мисли и постапки можат потсвесно да бидат под влијание на опкружувањето. Па во овој случај, можно е да бидеме понервозни кратко додека играме и по играњето видео игри. Овој ефект не трае подолго од неколку минути.

Насилните видео игри се играат низ целиот свет, но само одредени држави, како САД, имаат случаи со масовно пукање во споредба со други, како Јапонија. Други истражувања покажале дека законот за оружје на државата има многу поголемо влијание на насилството.

Се разбира, не сите видео игри се насилни. Па, доколку сакате да се релаксирате, овие видео игри се одлични за тоа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар