11 креативни видео игри кои се одлични за релаксирање

11 креативни видео игри кои се одлични за релаксирање

Нема ништо лошо во насилните видео игри. Нема причина зошто да не се опуштите по напорниот ден убивајќи неколку зомбиња. Сепак, постојат денови кога не сте расположени за дигитално убиство. И добро е што има видео игри кои ви го овозможуваат тоа. Светот е полн со различни луѓе и ситуации, па сосема е нормално видео игрите како уметност да го рефлектираат тоа. Па, без разлика дали сакате да играте со вашите деца, да им докажете на родителите дека видео игрите не се насилни или пак, само сакате да се забавувате со пријателите, во продолжение погледнете некои од најдобрите видео игри за опуштање.

1. Portal

(1)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Во ова ремек-дело играчот треба да решава загатки со помош на портали. Од црниот хумор на вештачката интелигенција која ве придружува во играта, до неверојатната физика и дизајн на загатките, Portal е можеби една од најдобрите игри од овој вид. Продадени се 4 милиони копии од играта, а големиот успех резултирал и со втор дел.

2. Minecraft

(2)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Од сите игри со отворен свет, малку се оние кои ви ја нудат слободата која ја имате во Minecraft. Со оваа игра ќе се вратите во детството и ќе можете да изградите сè што ќе замислите. Играта има неверојатна онлајн заедница и безброј можности, па единствената граница е вашата фантазија.

3. Journey

(3)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Оваа игра е 90-минутна авантура каде што вашата цел е да стигнете до врвот на една планина. Критичарите, како и играчите се воодушевени од невербалната нарација на играта. Оваа игра е пример за високо квалитетен минимализам во видео игрите.

4. Octodad: Dadliest Catch

(4)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Во оваа игра вие сте октопод кој се обидува да преживее како нормален човек кој е татко. И тоа е целото дејство на играта. Она што ја прави интересна е апсурдноста на вршењето дури и најобични активности. Често ќе ја удирате сопругата со вашите пипки, ќе уништувате излози и само ќе се надевате дека луѓето нема да ве препознаат поради вашата несмасност.

5. Mario Kart 8

(5)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Ова е една од најпознатите видео игри без насилство. Целиот серијал има продадено над 100 милиони копии ширум светот, а играта е популарна со години. Со уникатните мапи кои се од патишта во вселената, до внатрешноста на пинбол машина, оваа е најдобрата игра со трки.

6. Tricky Towers

(6)11-video-igri-koi-se-odlichni-za-opushtanje-kafepauza.mk

Ова е игра за двајца каде што секој играч се обидува да ја изгради својата кула, но притоа ја саботира изградбата на противникот. Можеби ќе растурите неколку пријателства, но оваа игра е одличен начин да го поминете слободното време.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар