Науката открива: Учењето нов јазик ќе ве направи попаметни

Сите сме учеле некој странски јазик на училиште и сите постојано слушаме дека што повеќе јазици знаеме, толку побогато е нашето знаење. Доколку сметате дека не сте талентирани за учење странски јазици и досега постојано сте ги одбегнувале, прочитајте зошто уште веднаш треба да почнете со учење на јазикот кој отсекогаш сте посакувале да го знаете.

Науката открива: Учењето нов јазик ќе ве направи попаметни

Според едно истражување на Универзитетот во Хелсинки учењето нов јазик ќе ве направи попаметни или барем ќе ви помогне побрзо да ги памтите новите информации. Во едно мало истражување објавено во „Scientific Reports“ со помош на електроенцефалограм била измерена мозочната активност на 22 студенти, од кои ниту еден не почнал да учи втор јазик од рана возраст, додека слушале аудио снимки од зборови на различни јазици. Според истражувачите, била забележена промена во мозочната активност кога испитаниците ги слушнале новите зборови. Што побрзо мозочната активност ќе се вратела во нормала, толку побрзо се сметало дека испитаникот го обработил новиот збор. Потоа, истраживачите ја споредиле мозочната активност на учесниците со други фактори како бројот на јазици кои ги зборувале и возраста на која почнале да ги учат.

Резултатите покажале дека кај луѓето кои знаеле повеќе од еден јазик била забележана поголема мозочна активност кога се соочиле со нов збор, односно оние кои знаеле повеќе јазици побрзо ги процесирале новите информации.

Сепак, не може да се тврди со сигурност дека учењето нов јазик ќе ве направи попаметни, бидејќи интелигенцијата е исто толку комплицирана колку самиот јазик. Од друга страна, пак, други истражувања покажуваат дека јазикот е поврзан со памтењето и разбирањето. Имено, тие откриле дека кај бебињата кои биле изложени на два јазика мозокот многу подобро функционирал за разлика од мозоците кај бебињата кои растеле во еднојазично семејство. Освен тоа, зборувањето повеќе од еден јазик се поврзува со поголема емпатија. Во 2011 година, едно истражување спроведено на Универзитетот во Пенсилванија покажало дека луѓето кои зборуваат два јазика можат да извршуваат повеќе активности одеднаш, бидејќи веќе се навикнати да се префрлуваат од еден на друг јазик. Постојат и докази дека двојазичноста ја одложува појавата на деменција и Алцхајмерова болест.

Покрај тоа, сите знаат дека зборувањето повеќе јазици е неверојатно привлечно. Немате што да изгубите!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар