Науката открива: Што се случува кога се бакнувате? - Part 2

Науката открива: Што се случува кога се бакнувате?

Уште пред да се допрат усните, луѓето се привлекуваат бидејќи самиот мирис развива интимност.  Луѓето од племето Инуити меѓусебно се допираат со носовите и на овој начин тие негуваат несексуална практика на блискост наречена „куник“ која ја применуваат помеѓу членовите на семејството при што мирисот на кожата се вдишува.

Мирисот исто така може да влијае на нашите репродуктивни нагони, бидејќи ни дава потсвесни информации за туѓата ДНК и репродуктивниот статус што можат да помогнат да се утврди дали врската е генетски соодветна.

Меѓусебното допирање со носовите може да биде механизам за поврзување помеѓу родителот и детето, допирањето образ со образ може да биде поздрав или знак на почит. Близината и вдишувањето на мирисот на потенцијалниот партнер може да биде причина за мозокот да даде „зелено светло“ по кое би дошло до допирање на усните со што би се размениле повеќе генетски информации.

Но, која и да е причината, бакнежот е стара практика. Луѓето го користат како облик на однесување илјадници години наназад, секаде ширум светот.

Првото писмено споменување на овој термин е пред 3.500 години во Индија, кои го опишуваат како „пиење на течност од усните“ и е чин во кој едниот ја вдишува душата на другиот. Подоцна, се појавува античкиот текст за сексуалноста „Ватсијаја Камасутра“, или „Кама Сутра“.

Некои веруваат дека бакнувањето започнало во Индија и се раширило во Грција, кога Александар Велики нападнал и освоил делови на Пенџаб.  Други научници се скептични во однос на ова тврдење, посочувајќи дека и во „Стариот завет“ се спомнува несексуално бакнување, плус постојат претходни записи за бакнување во уста и образ во зависност од рангот што постоел меѓу персиските мажи. Познато е дека во времето кога Римјаните биле на власт, тие ги  бакнувале пријателите, семејството и соработниците во уста,  при склучување зделки или при стапување во брак.

Науката открива: Што се случува кога се бакнувате?

Две илјади години старите камени фигури во Кина покажуваат бакнеж во уста, а социјалните промени кај домородните племиња Нахуа направиле бакнежот да се користи како еден од начините на додворување. Во меѓувреме, бакнувањето може да биде вообичаено или скоро застарено, во зависност од заедниците. Преку него се разменуваат 80 милиони бактерии, па затоа не нè изненадува тоа што романтичното – сексуално бакнување не е посакувано од секого. Поради опасностите, многу често овој облик на однесување се заменува со друг, на пример, во Лондон, бакнувањето било заменето со тресење на раката за време на Големата чума, а Римјаните забраниле бакнување за да спречат ширење на појавата на херпес.

Современите бакнежи потекнуваат од нашите предци, без оглед на причините поради кои настанале. Тоа е антички ритуал, поздрав, симбол на љубов, почит или духовност. Можеби тоа го правиме заради генетика, можеби едноставно е научено од многу одамна. Но, кога ние имаме потреба да размениме бакнеж, со затворени или отворени очи, со јазик или без јазик, на еден образ или два, се бакнуваме за да се поврземе. Тоа е посебно чувство и нашите тела го знаат тоа.

Можеби сакате да дознаете и што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар