Науката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

Науката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

Дали веќе подолго време сте сингл и не можете да сврзете три нормални љубовни состаноци едно по друго? Проблемот можеби лежи во вашите раскажувачки вештини. Според истражувањето спроведено на Универзитетите во Северна Каролина и во Бафало, луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни.

Науката открива: Луѓето кои добро раскажуваат приказни се попривлечни

Испитаниците добиле фотографии од потенцијални партнери од кои требале да проценат дали се добри раскажувачи. Потоа, им дале да прочитаат добра или лоша приказна која наводно била напишана од страна на потенцијалниот партнер. На крајот, истражувачите се обиделе да дознаат зошто раскажувачките способности влијаеле само на женската перцепција кога станува збор за одредување кој маж би можел да им биде посериозен партнер.

Истражувачите откриле дека според жените, мажите кои добро знаат да раскажуваат приказни имаат потенцијал за сериозна врска. Раскажувачките вештини не влијаеле на машките проценувања за жените, ниту ги смениле женските мислења во однос на изборот на партнер за несериозна врска. Мелани Грин, еден од авторите на истражувањето, објаснила дека раскажувачките вештини се поврзуваат со тоа колку еден човек е грижлив и дарежлив, што се многу важни особини за жените при изборот на потенцијален партнер.

Дури и да сте во посериозна врска, способноста да раскажувате приказни ќе ве направи попривлечни за партнерот. Како што поминува времето, ќе дојде ден кога нема да имате што да си раскажете, барем привремено. Ако можете секојдневните баналности да ги претворите во интересни приказни, вашата врска со партнерот ќе биде поцврста и постабилна. Слободно раскажувајте добри приказни колку што сакате!

Во продолжение прочитајте и која главната тајна на машката привлечност.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар