Науката открила кои мажи ќелават побрзо

Науката открила кои мажи ќелават побрзо

Жените постојано се под притисок да бидат послаби, поубави и поприродни, но и мажите не се поштедени од притисоците што ги наметнуваат конвенционалните стандарди за убавина. За привлечни мажи се сметаат оние кои се високи, темни и згодни, но не може сите мажи да бидат исти.


Науката открила кои мажи ќелават побрзо

Мажите најмногу се плашат од губењето на косата со текот на годините. Но, најновите истражувања покажале дека многу е лесно да се одреди дали кај мажот постои зголемен ризик од ќелавење, а тоа е поврзано со неговата висина.

Според едно од најголемите истражувања спроведено на Универзитет во Бон, ниските мажи се изложени на поголем ризик од ќелавење за разлика од високите мажи. Резултатите покажале дека некои од гените кои ја предизвикуваат ниската висина кај мажите се исто така поврзани и со предвременото ќелавење.

Истражувачите ги испитале гените на 11.000 ќелави мажи и 12.000 мажи кои немале проблем со губење на косата. Тие откриле 4 локации во машките гени кои се поврзани и со ниската висина и со ќелавењето. Нивните сознанија покажале дека и нивото на тестостерон исто така може да има улога во овој случај.

„Гените кои го зголемуваат ризикот од ќелавење исто така можат да доведат до ран пубертет и помала висина, најверојатно затоа што сите овие фактори се под влијание на хормоните. Хормоните дејствуваат многу бавно, така што овие последици се јавуваат дури 20 години по пубертетот“, објаснила докторката Стефани Хајлман-Хајмбах.

Со други зборови, раната појава на тестостерон (односно раниот пубертет) може да предизвика затворање на краевите на коските кај мажите, поради што тие престануваат да растат. Според експертите, единствениот начин да се одбегне ќелавењето е со кастрација, што очигледно не е баш најпаметно решение.

Меѓутоа, не постои конечно правило дека ниските мажи со сигурност ќе проќелават, ниту пак дека високите мажи нема да се соочат со губење на косата.

„Со сигурност тврдам дека ако сте ниски, не значи дека ќе ја изгубите косата. Ако сте ниски, а сите мажи во фамилијата имаат коса, тоа значи дека ризикот од ќелавење е многу мал. Освен тоа, и високите мажи можат да проќелават. Но, постојат биолошки основи кои придонесуваат за оваа појава“, изјавила докторката.

На крајот на краиштата, не постои тврдење кое е 100% сигурно, така што нема потреба да се грижите за нешто што е надвор од ваша контрола. Сакајте се онакви какви што сте и бидете горди на себе!

Не е крај на светот доколку сте почнале да ја губите косата! Порчитајте зошто жените се палат на ќелави мажи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар