Зошто жените се палат на ќелави мажи?

Судејќи според резултатите од најновото истражување, на жените им се и тоа како привлечни мажите без коса. Ќелавоста делува на жените како афродизијак, покажуваат резултатите. Воедно, дамите кои учествувале во анкетата, одговориле на прашањето колку им е всушност привлечен или одбивен недостатокот на коса кај мажите. Резултатите биле изненадувачки, со оглед на тоа што повеќето жени ја опишале ќелавоста како многу посакувана машка карактеристика.

Зошто жените се палат на ќелави мажи?

Еве ги најинтересните одговори на жените, кои веруваат дека ќелавите мажи се единствените мажи кои вредат:

  • Ќелавите мажи се вистински мажи. Така барем знам дека не излегувам со дете.
  • Нивото на хигиената кај ќелавите мажи е многу високо. Тие се стално средени, редовно се бричат и имаат поголемо разбирање за женските навики за депилација.
  • Тој никогаш не го краде мојот шампон.

Зошто жените се палат на ќелави мажи?

  • Ќелавите мажи се многу секси, а најдобри примери за тоа се Џејсон Статам, Брус Вилис и Вин Дизел.
  • Капите и шеширите се најдобри пријатели на ќелавите мажи, што нам ни дава поширок избор за одбирање супер подароци.

Зошто жените се палат на ќелави мажи?

  • Мажите кои ја имаат прифатено својата ќелавост и ја претвориле во секси оружје, се сигурни во себе. Има ли нешто попредизвикувачко од маж со голема самодоверба?



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар