Науката објаснува: Зошто имаме голема желба да патуваме?

Науката објаснува: Зошто имаме голема желба да патуваме?

Ако постојано сонувате да го пропатувате светот и ретко се чувствувате удобно на едно место, имате голема желба за лутање. Но исполнувањето на оваа желба обично бара повеќе ресурси од она што ни е достапно. Пред сè, патувањето може да биде навистина скапо. Потоа потребно е да се „откажете“ од вашиот секојдневен живот на неколку денови, па да се справите со последиците од тоа.

Науката објаснува: Зошто имаме голема желба да патуваме?

Очигледно вреди да се патува, но околностите го поставуваат прашањето: Зошто толку многу сакаме да патуваме? Изгледа дека науката има одговор за ова.

Желбата за лутање е вградена во историјата на човечката еволуција. Се претпоставува дека модерните луѓе живееле во номадски заедници 99% од историјата, следејќи ги сезоните, ловењето, можностите и руралните средини. Пред околу 10.000 години почнала да се развива агрикултурата. Со ова луѓето морале да останат на едно место за да се грижат за нивните посеви. Почнале да се појавуваат првите населби, луѓето останувале на едно место и имале деца. Постепено малите населби се претворале во села, па во градови.

Но желбата за номадски живот не е неприродна. Ако ситуацијата на едно место не е добра, секогаш има смисла да се спакувате и да продолжите на друго место, дури и денес кога морате да плаќате кирија и имате редовно работно место.

Желбата за лутање не секогаш е поврзана со гламурот бидејќи и самото патување со авион денес не е толку гламурозно. Поважни се новостите – гледањето нови места и нешта. Човечките мозоци ја сакаат новоста и им причинува задоволство. Постојано бараме нови и интересни нешта и мозокот ги истакнува новите информации. Разни неврони имаат задача да наоѓаат нови нешта и да разликуваат помеѓу работите што не сте ги виделе и оние што сте ги виделе пред многу години.

Причината за ова е што љубопитноста и задоволството кои доаѓаат со откривање непознати работи ѝ се од голема предност на еволуцијата. Кога сакате да одите на место кое го имате видено само на брошури за патување, вие активирате стар систем за награда во мозокот кој ви помага да го разберете светот околу вас. Благодарение на карактеристиката наречена неотенија, што значи дека настојуваме да се однесуваме подетинесто кога ќе пораснеме за разлика од другите примати, луѓето имаат детска љубопитност и желба да откријат нови нешта кога се возрасни. Кај многу други видови оваа желба исчезнува со созревањето, ако воопшто и постоела.

Истражување од 2015-та година истакнало генетска варијанта позната како DRD4-7R која можеби е поврзана со желбата за патување. Но, генетската реалност е многу покомплицирана. Овој ген е поврзан со поголема веројатност за појава на желба за откривање нови нешта, импулсивност и авантуризам. Истражувачите изјавиле дека не е одговорен само еден ген за желбата за патување, но науката зад DRD4-7R е навистина интригантна. Недокажаната претпоставка дека миграцијата од минатото можеби ја создава љубовта кон патувањето е навистина интересна идеја.

Друга причина за барањето нови нешта може да биде и стравот од здодевност. Луѓето ја мразат здодевноста и би направиле многу за да избегаат од неа. Без разлика колку промени правите, евентуално ќе се појави здодевноста и ќе треба сè да менувате одново. Понекогаш желбата за лутање е резултат на желбата да се избега од познатото, а патувањето е најдобриот начин за тоа.

Aко повторно се разбуди вашата желба за патување, погледнете ги предлозите за патување за оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар