Научно докажано: Мажите со брада се подобри љубовни партнери

Научно докажано: Мажите со брада се подобри љубовни партнери

Мажите со брада сѐ уште не излегуваат од мода, а има и зошто. Според најновите истражувања, кај мажите со брада постои поголема веројатност дека ќе завршат во сериозна врска за разлика од оние кои немаат брада.

Научно докажано: Мажите со брада се подобри љубовни партнери

Истражувањето било предводено од страна на Барнаби Диксон и било објавено во списание за еволуциска биологија (Journal of Evolutionary Biology). Добиените резултати покажале дека момците кои ја одржуваат брадата делуваат посериозно и девојките ги сметаат за подобри потенцијални партнери за разлика од мажите без брада.

Сигурно се прашувате зошто е тоа така. Негуваната брада се наоѓа на границата помеѓу мажественоста и женственоста и го менува обликот на лицето кај мажите, притоа давајќи им многу попривлечен изглед. Имено, дамите не сакаат ниту премногу мажествени ниту премногу женствени мажи. Негуваната брада го одржува совршениот баланс меѓу двете!

Освен тоа, брадата потсетува на тестостерон, тестостеронот е знак на зрелост, а тоа е наводно рецептот за успешна љубовна врска.

Можеби ќе се согласите со сето ова, но што е со моментот дека брадата може да ја скрие убавината на машкото лице? Барнаби го дала одговорот и на тоа прашање. Мажите со остри црти на лицето не се сметаат за добри потенцијални партнери. Обично се верува дека ваквите момци се женкари кои не се способни да имаат посериозна врска од секс без обврски. Тоа е така затоа што жените ги поврзуваат мажествените физички особини со мажи на кои не можат да им веруваат.

Со други зборови: Густата брада може да го сокрие мажественото лице, кое според жените е знак за маж кому не може да му се верува или пак да го сокрие женственото лице, кое според дамите не би било доволно мажествено за долга и сериозна врска. Тоа значи дека брадата е златната средина која им одговара на сите.

Биле испитани 8.520 жени, од кои 8.520 (што значи сите) одговориле дека претпочитаат брада. Од нив било побарано да ги оценат мажите со и без брада според нивната привлечност и потенцијал за врска. Очигледно е дека одговорот е едногласен! Мажите со „раскошни“ бради оставаат впечаток дека се подготвени за брак, додека пак, момците без или со многу малку брада делуваат како да се способни единствено за краткотрајна врска.

Доколку ова истражување не ве убеди и сѐ уште се двоумите дали да пуштите брада, прочитајте ги овие 10 причини зошто жените сакаат мажи со брада.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар