Сезона на Рибите: Што ви кажува хороскопскиот знак за вашиот љубовен живот?

Сезона на Рибите: Што ви кажува хороскопскиот знак за вашиот љубовен живот?

Дали вашите хороскопски знаци се компатибилни? Како да ви успее врската со одреден хороскопски знак? Вашиот љубовен хороскоп ви помага да ја разберете романтиката преку објективот на астрологијата. Еве што тој има да ви открие во сезоната на Рибите.

Сезона на Рибите: Еве што ви кажува хороскопскиот знак за вашата љубовна врска

Рибите се романтични знаци и тие сакаат да бидат вљубени, барем теоретски. Управувани од Нептун, планетата на фантазијата, личностите родени во овој знак сакаат да бидат обземени од романтиката. Гламурозните Риби владеат со имагинацијата и тие сѐ прават исполнети со магија и фантазија. Овие личности се нежни и чувствителни и честопати нивните пријатели се потпираат на нив.

Рибите се претставени со две риби кои пливаат во спротивни насоки, па ова го покажува нивниот пристап кон љубовта. Овие личности вечно се во потрага по партнер со кој ќе може да си обезбедат и сигурност и слобода, а може да бидат збунети кога нема да ја најдат оваа комбинација. Личностите родени во знакот Риби може една секунда да бидат реалисти, а потоа веќе наредната очајно да избегаат во светот на фантазијата. Од таа причина, реалноста не им е многу омилен дел, па понекогаш би направиле сѐ со цел да ја избегнат.

На пример, тие може бескрајно да се жалат за тоа како нивниот партнер се однесува лошо кон нив. Потајно, тие сакаат драматизирања, сѐ додека тоа го поттикнува пламенот на нивните фантазии. Ова може да ги збуни нивните пријатели, но и покрај тоа што ги критикуваат луѓето, Рибите повторно се враќаат во нивните раце, додека некој подобар не им излезе на патот.

Како и рибите кои го симболизираат овој хороскопски знак, овие личности директно пливаат до следната личност. Личностите родени во знакот Риби самите си се најлоши непријатели во љубовта и тие може да се сомневаат во својот вкус за партнери. Нив ги привлекуваат луѓе со темна страна, но секој кој има да раскаже некоја горчлива приказна, може да им го стопи срцето.

Не е чудно што Рибите понекогаш може да се измачуваат и себеси. Но, тоа не е целосно нивна вина. Нивната владејачка планета Нептун е маглива, водена планета каде што е тешко да се каже што е реално. Понекогаш овие личности не знаат и не се сигурни кому или во што да веруваат. Мудрите Риби учат да зачекорат назад и да ја видат реалноста пред да направат некои големи чекори. Нивниот најголем предизвик е тоа што директно го бараат од нивниот партнер она што им треба, наместо да бидат тивки и да стануваат агресивни кога ќе бидат несреќни. Тие знаат дека никој не може да го прочита нивниот ум, па нивниот партнер не може да знае кога тие се повредени.

Овие личности може да „пливаат“ од една во друга љубовна врска, наместо да останат во онаа што веќе ја имаат. Интуицијата им помага да ја чувствуваат болката на другите, а нивната креативност, желбата да го направат светот подобро место и љубовта кон сите животни, ги прави неверојатни.

Погледнете ги и овие 8 причини зошто треба да се заљубите во жена која е Риби во хороскоп!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар