Научно докажано: Девојките кои имаат „напорни“ мајки постигнуваат поголем успех во животот

Никој не сака кога родителите постојано му велат да пишува домашно, да учи и внимателно да следи настава, но неодамнешните истражувања покажале дека тоа може да се покаже како многу корисно подоцна во животот. Истражувачите од Универзитетот во Есекс, Англија откриле дека девојките со понапорни мајки стануваат поуспешни од девојките чии мајки не ги форсираат толку да учат и работат.

Научно докажано: Девојките кои имаат „напорни“ мајки постигнуваат поголем успех во животот

Во периодот од 2004 до 2010 година, истражувачите го следеле животот на 15.500 девојчиња на возраст од 13 и 14 години и дознале дека кај девојчињата чии мајки поставувале високи стандарди додека растеле постоела поголема веројатност да се запишат на факултет и да добиваат поголема плата кога ќе се вработат.

Освен тоа, истите тие девојчиња биле помалку изложени на ризикот да останат бремени во тинејџерските години од животот. Со оглед на тоа, умереното досадување и форсирање не е толку лошо, иако можеби не е воопшто интересно и забавно. Нареден пат кога ќе се изнервирате затоа што сте добиле впечаток дека вашата мајка премногу ви се меша во животот, сетете се на овие откритија и обидете се да не се нервирате, туку да ја прифатите нејзината грижа и добронамерна критика.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар