Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

Со најновите истражувања, научниците откриле дека губењето на едно сетило може да биде прв знак за Алцхајмерова болест, а не губењето на памтењето. Истражувачите од општата болница во Масачусетс развиле метод кој може да го идентификува ризикот за Алцхајмерова болест кај личноста, на основа на способноста да препознаваат и чувствуваат непријатни мириси.

Научниците откриваат: Првиот симптом на Алцхајмерова болест не мора да биде губењето на памтењето

Иако ова не е прв пат мирисот да биде истражуван како симптом на оваа болест, сепак, нуди најмногу докази. Главниот истражувач, доктор Марк Алберс, отишол толку далеку што изјавил дека Алцхајмеровата болест би можела да се открие и една деценија порано, пред личноста да почне да го губи паметењето, со помош на сетилото за мирис.

„Постојат докази дека невродегенерацијата која стои зад Алцхајмеровата болест, почнува да се развива најмалку 10 години пред појавата на симптомите на меморијата, односно губењето на памтењето“, вели Алберс.

Студијата била спроведена на 183 пациенти за кои се сметало дека имаат зголемен ризик за развој на оваа болест и било докажано дека лицата со првите знаци на Алцхајмерова болест имале помали шанси да идентификуваат и лесно да препознаат мириси. Кај нив прво била тестирана способноста за препознавање мирис, така што им било дадено да помирисаат 10 ароми: Mентол, каранфилче, кожа, јагода, крин, ананас, чад, сапун, грозје и лимон.

По мирисањето, секој бил прашан дали му е позната некоја од аромите и на што ги потсетува. Како резултат на тоа било докажано дека раните, односно првите знаци на Алцхајмерова болест, може да бидат поврзани со сетилото за мирис, односно со постепеното губење на истиот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар